Федерико Гарсија Лорка е шпански писател, драмски писател, режисер, пијанист, сликар и музичар кој се смета за еден од најголемите лиричари воопшто, а неговото творештво извршило значително влијание врз развојот на европската поезија. Роден е на 15 јуни 1899, а починал на 19 август 1936 година.
Во својата поезија, Лорка најчесто обработувал мотиви од суровата Андалузија, за кулите, камбаните и зорите на Гранада, биковите и тореросите… Неговите стихови се полни со сликарско-музички елементи, со компликувана оркестрација, голема звучност и меѓузвучност и бројни јазични пресврти. Иако во основата на неговата поезија лежат народните и циганските песни од Андалузија, Лорка изградил оригинален и модерен поетски јазик.
Токму заради неговите идеи, во 1936 година е стрелан во околината на Гранада.
Во продолжение, ви пренесуваме некои од неговите најубави стихови:
-Секој чекор ни носи нов свет.
-Мојата поезија е игра. Мојот живот е игра. Но, јас не сум игра.
-Единствената работа на кој ме научи животот е дека повеќето луѓе го поминуваат затворени дома, правејќи ги работите кои ги мразат.
-Сите сме љубопитни за нештата коишто ги мразиме.
-Да гориш од желба и да го чуваш тоа во себе, е најголемата казна што си носиме на себе.
-Денот кога ќе престанеме да се противиме на нашите инстинкти, тоа ќе биде денот кога ќе почнеме да живееме.
-Само кога ќе го разбереш денот во целост, тогаш ќенаучиш да ја сакаш и ноќта.
-Често се губам себеси со цел да го најдам огнот кој ги држи сите будни.
-Не сум се грижел за моето раѓање, не гледам причина да се грижам ниту за својата смрт.
-Сакам да бидам поет во целост, од глава до пети, да живеам и да умрам од поезијата.
Една од неговите прекрасни песни е и следната:
Газела за очајната љубов
Ноќта не доаѓа
за да не дојдеш ти
и за да не дојдам јас
Но, јас ќе дојдам дури и
од сонцето на скорпијата голтнат
Но ти ќе дојдеш со изгребан јазик од дождовите на солта.
Денот не доаѓа
за да не дојдеш ти
и за да не дојдам јас
Но јас сепак ќе дојдам
на жабите давајќи им го скинатиот
каранфил свој.
Но ти ќе дојдеш
низ темни улици на ноќта.
Ни ноќта ни денот иде
по тебе за да умрам
и по мене мртва да бидеш.
Извор: wikipedia/makedonskijazik.mk
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.