Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

ШТО ПРАВИ СЕКОЈ ХОРОСКОПСКИ ЗНАК ВО САМОИЗОЛАЦИЈА?

437
Прегледи
Сподели на фејсбук

Aко се чувствувавте осамено, прашувајќи се што ли прават луѓето цел ден по дома… Тогаш со сигурност не сте Бик во хороскоп. Но, можеби сте Водолија со теории на заговор или Девица која купи екстра залихи од маркетот со добра причина…

Што всушност прави секој хороскопски знак додека е во карантин…

Овен

Ти треба нешто? Овенот со душа чека да му побараш нешто. Ти требаат безопасни, конец, сол? Можеби апчиња против болка или ханзаплас? Без гајле! Се што треба е да се обратите на пријателот Овен и тој ќе ве снабди со се што ви е потребно без да треба да барате по продавниците. Секако, тука се и да ве известат за секоја најнова информација на секое поле!

Бик

Биковите речиси никогаш и не ја напуштаат куќата доколку не е апсолутно неопходно, така да цел концепт на самоизолација не е ништо ново за нив. Не се плашат да нарачаат храна со достава, тие всушност не можат ни да си замислат да треба секој ден да готват. Има ли нешто поубаво од вкусни порции храна, подготвени од некој друг, спремни да бидат изедени од лакомиот Бик? Тие секако веќе и ги изгледале по 100 пати сите серии и се прашуваат дали ако вежбаат без да се испотат ќе се брои дека воопшто вежбале?

Близнаци

Тие ги поминуваат првите 24 часа од самоизолацијата правејќи мали кули од книги организирани според читаност и квалитет. Потоа прават реорганизација според големина, форма, изглед. Потоа, цели така горди на своите кули од книги, наредните две недели лежат и скролаат на социјалните мрежи додека повремено пуштаат поглед кон кулите и се смешкаат, се уште горди.

Рак

Раковите размислуваат за тоа дека апокалипсата ја оставила земјата без храна, додека пазарат грицки во маркетот и ги читаат етикетите. Понекогаш, се движат по домот со конзерва на главата и вежбаат рамнотежа.

Лав

Лавовите го слушаат повикот за самоизолација и затоа ги лимитираат големите социјални групи, бидејќи навистина се ГРИЖАТ за луѓето. Дали е нивна вина што луѓето толку многу ги сакаат па се собираат во нивниот дом? Дали треба да одат во барот бидејќи во станот настана гужва? Хммм…

Девица

Буре медицински алкохол, голема количина на гел од алое вера, три различни есенцијални масла кои претставуваат три различни божици. Десет кутии ракавици од латекс и цел куфер брашно. Откако ќе се снабди со се и ќе го исчисти детално целиот простор, Девицата со мирна душа чита книга по книга за првите епидемии кои некогаш го нападнале човештвото.

Вага

Вагите овој период се најактивни на социјалните мрежи… На сите 10 профили што ги имаат. Постојано објавуваат најнови вести и смешни досетки, а први се и во коментарите за моментално најактуелната тема. По цел ден тапкаат сториња и се прашуваат како може на некој да му е самоизолацијата досадна, кога на социјалните мрежи постојано има што да се прочита?

Шкорпија

Во самоизолација уште од пролетта 2019та, Шкорпиите се чувствуваат длабоко вознемирени бидејќи штотуку им се јави желба за повторна социјализација, а тие мораат да останат дома. Како и да е, тие сепак знаат дека правила се правила и имаат совршена способност да лежат во мракот и со часови да се молат на Боговите бидејќи знаат дека така ќе бидат поштедени од се што е лошо. Штета што во процесот, тие веќе заспале во мракот. 

Стрелец

Стрелците првата недела од изолацијата скролаат по интернет страниците со авионски билети, само да видат што има и мечтаат за сите прекрасни дестинации на овој свет. Во себе се молат картите да останат толку евтини – засекогаш. Откако ќе се помират со реалноста (речиси), ставаат на себе некоја смешна капа – без причина и почнуваат да прават две-три тури слатки колачиња.

Јарец

Скроз сте добредојдени кај нив на гости ако се сомневате дека луѓето во вашиот дом не ги мијат рацете доволно често. Само да знаете, кај нив од 7 до 8 часот наутро е време за пиење чај во тишина, од 9 до 10 часот се служи појадок, а потоа до 3 часот попладне – домаќинот Јарец се повлекува во работното катче иако можеби воопшто и не работи. Ако во меѓувреме им пишете порака, тие ќе одговорат само во времето предвидено за пауза.

Водолија

Водолиите го обожаваат времето за себе, но откако ќе ја изедат залихата на грицки уште во првите две ноќи гледајќи филмови, тие се соочуваат со силниот импулс да одат негде и да се дружат, само затоа што некој им рекол дека не смеат.

Риби

Хм, интимната дружба со само неколку пријатели е сосема во ред нели? Тоа е она на што Рибите постојано го размислуваат. Нивниот заклучок е дека повеќе би биле корисни како доставна служба за вино до станот на пријателите отколку бесцелно да седат дома. Во моментите на бескрајна досада, тие веројатно и ќе договорат средба со бившиот партнер.

При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Претходен пост

ШОУТО ПРОДОЛЖУВА – КОНЦЕРТИ И ИЗЛОЖБИ КОИ МОЖЕТЕ ДА ГИ ГЛЕДАТЕ ОНЛАЈН

Следен пост

СЕ ВОВЕДУВА ТЕЛЕФОНСКА ПСИХОЛОШКА ПОДДРШКА ЗА ГРАЃАНИ И РАНЛИВИ ГРУПИ ОД КЛИНИКАТА ЗА ПСИХИЈАТРИЈА

Следен пост

СЕ ВОВЕДУВА ТЕЛЕФОНСКА ПСИХОЛОШКА ПОДДРШКА ЗА ГРАЃАНИ И РАНЛИВИ ГРУПИ ОД КЛИНИКАТА ЗА ПСИХИЈАТРИЈА

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.