Држи ја среќата како птица: што понежно и полесно. Доколку се чувствува слободно, ќе ти остане засекогаш во рака. (Фридрих Хебел)
Секој од нас различно ја толкува среќата или ако ги запрашате сите луѓе на светот „Што е среќа?“ ќе добиете нешто повеќе од седум милијарди различни одговори. Поттикнато од ова, започнуваме нова рубрика каде нашите инспиративни соговорници ќе се обидат да ја протолкуваат среќата со свои зборови.
Елена Талевска, модна дизајнерка
Среќата е единствена работа која се множи кога се дели. Бидете среќни, чувствувајте ја среќата и без причина, сакајте и бидете слободни.
Ксенија Николова, писателка
Среќа е момент кој секогаш го дознавам отпосле. Среќата е таква, ја разбираш откако ќе ја доживееш. Во моментот кога сум среќна сакам сите тоа да го знаат. Малите нешта ме прават среќна, ништо посебно не е тоа, знам да се израдувам ако се сетам на некој добар филм кој одамна не сум го погледнала и сакам да се потсетам. Буквално тоа. Среќата е многу едноставна, луѓето ја комплицираат. Да ја разбереш среќата е среќа. Да ја разбереш и сочуваш, да ја живееш без да се опседнеш со неа, за доколку еден ден нештата се промента повторно успееш да ја најдеш во некоја друга форма, на некое друго место, во некое друго време.
Биљана Т. Димко – книжевник
Животот е непредвидлива вртелешка, среќа е да се вртиш во неа до бесконечно лудило, а да не ти се замати умот.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.