Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Што е среќа ( дел 4 )

65
Прегледи
Сподели на фејсбук

Понеделнички, повторно тргнуваме во походот да ја разоткриеме среќата. Ѕиркаме во скришните ќошиња на срцето и умот, размислуваме за среќата, ја создаваме онаму каде што треба да ја има. Денеска, три инспиративни жени, ни дозволија да ѕирнеме во нивните размисли каде стои одговорот на прашањето: “Што е среќа?“

Маја Кикириткова, модна дизајнерка

cf1cc59a-b04e-493f-88a2-91808de66543

Тогаш кога човек ќе се спознае самиот себе си, ќе се прифати таков каков што навистина е, ќе ги надмине своите стравови, ќе се разбуди во реалноста, ќе се радува на секој нов зрак, секое ново утро, секоја насмевка, секоја прегратка, тогаш човек навистина ќе дознае што е среќа. Тогаш кога ќе ги прифати своите лажни убедувања, токму тогаш тие и навистина ќе исчезнат! Токму тогаш среќата ќе стане ваш вечен сопатник и ваш најдобар пријател.

Неда Маретиќ, новинарка

73792385-c6d1-430b-abd1-1e5e15b93c0a

Среќа е првото утринско кафе со своето семејство.Уживањето во прегратката на саканата личност. Да ја работиш работата што ја сакаш, а јас ја имам таа СРЕЌА да уживам во телевизиската магија. Среќа е подадената рака на оној на кој му е најпотребна. Насмевката од таа личност и искрениот поглед. Среќа е секое вдомено бездомно животинче. Погледот на твојот град од параглајдер. Секој успешно преминат предизвик окарактеризиран на самиот почеток како најтежок. Среќа е секое „не можам“ да го претворите во „можам“. Секоја прошетана мала уличка од градот кој за прв пат го посетувате. Случајно слушната македонска песна во Хрватска и од друга страна, хрватска песна во Македонија. Да слушаш клапа во живо. Мирисот на театарот низ кој поминале стотици актерски имиња. Секое ново интервју. И адреналинот при истите. Секој нов ден кој е можност да си подобар од вчера. Среќата на пријателите, семејството, саканите. Мирисот на планината после дожд. Секојдневните ситници кои нѐ потсетуваат дека буквално секоја секунда од животот треба и мора да ја искористиме и претвориме во позитива која ќе зрачи наоколу..

Наталија Славева, пејачка

123005f3-0ed3-433c-b3cc-549153ea1202

Среќата ја прават малите нешта. Тоа може да е будење со мирис на штотуку сварено кафе, слушање гласна музика наутро за да те разбуди и размрда, насмевката во огледало за поубав ден и гласот на луѓето кои ги сакаме по телефон. Среќата е секогаш до нас, само треба да ја препознаеме и со позитивни вибрации да ја зачуваме.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Претходен пост

ИНТЕРВЈУ: Дуке Бојаџиев на ден пред големиот концерт во Скопје

Следен пост

Амал Аламудин Клуни, новата модна икона во светот

Следен пост

Амал Аламудин Клуни, новата модна икона во светот

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.