Амал е родена во Бејрут, 1978 година. Во 80-тите години, за време на граѓанската војна во Либан, семејството Аламудин ја напушта земјата и се сели во Англија каде бара подобар живот. Амал има една сестра и двајца полубраќа од првиот брак на татко и.
Амал е адвокат, борец за човекови права, активист и писател. Таа работи како адвокат Doughty Street Chambers, а насока и е меѓународното право и човековите права. Меѓу нејзините клиенти беа и Џулијан Асанж , основачот на Викиликс, поранешната премиерка на Украина , Јулија Тимошенко како и канадско – египетскиот новинар Мохамед Фахми .
Покрај нејзината работа, таа светското внимание го привлече со бракот со Џоеџ Клуни, но и со елегантниот и едноставен стил составен од дизајнерски парчиња. Амал веќе важи за модна икона.Последно место каде со сопругот го задржаа вниманието на јавноста беше нивното појавување на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал на премиерата на филмот „Hail, Caesar”.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.