( дел 7 )
Трагаме по различни дефиниции за среќата, а секоја нова е посебна и уникатна. Денес, тројца интересни ликови ни откриваат што за нив е среќа. Ја дефинираат според нив, ни раскажуваат за неа, ни откриваат каде ја наоѓаат…
Кристина Илиева, професорка по германски јазик
Среќата за мене е времето посветено на фамилијата, вложено во себе – децата на кои им предавам, и поминатото време со пријателите. За мене среќа е да научиш да се сакаш себеси, да бидеш сакан и за направиш истото тоа да го заслужуваш, и да имаш љубопитност за секој нов ден или за некое искуство. Трудот за среќата е секој ден, без него ќе имаме уморно тело, срушен дух и растрган разум. Среќа е да разбереш што сака оној кој те сака, среќа е да го правиш тоа оти и ти си го засакал и среќа е да сте среќни заедно.
Миле Миленковски, нутриционист
Среќа е кога нешто гледаш или чувствуваш по кој знае кој пат, а сѐ уште се радуваш на тоа како некое детенце кога првпат ќе здогледа нешто интересно. Среќа е да го зачуваш детскиот сјај во очите засекогаш!
Николина Талевска, психолог
Човек сам одбира дали ќе биде среќен или не. Среќата е внатрешна благосостојба, мир со себеси. За мене лично, среќа е здравјето пред сѐ, моето и на сите мои блиски. Среќна сум бидејќи сум задоволна од моите одлуки, се будам покрај човекот кој го сакам, секогаш имам на кого да му свртам на телефон и да си дозволам чоколадо.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот