Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

ИНТЕРВЈУ: Магдалена Манева,Претседател на Уметност на живеење Македонија и интернационален инструктор на “Art of Living”

45
Прегледи
Сподели на фејсбук

Денеска разговараме со Магдалена Манева, претседател на Уметност на живеење Македонија и интернационален инструктор, водител на програмите во Уметност на живеење во фондацијата Art of Living. Зборуваме повеќе за програмата на фондацијата, за нејзиниот основач Шри Шри Рави Шанкар, за мисијата на истата, како и за фестивалот кој е најголем од овој вид,  World cultural festival, чиј почеток е утре, а трае се до 13 март.

Да почнеме со наједноставното прашање – Што е Art of Living?

“Art of living” е светска невладина, непрофитабилна и хуманитарна организација која има за цел едукација на поединецот, за подигнување на свеста и полесно справување со денешниот брз ритам и начин на живеење. Програмите се достапни за сите возрасти, буквално од 5 до 95 години. Тоа се антистрес програми, изучуваме техники во кои пред се учиме како да се справиме со секојдневните предизвици и стресни ситуации, но и да ги негуваме човечките вредности и секако да бидеме општествено одговорни.

10985478_862434430478816_6340742997706795196_o
Имаме најразлични активности со децата, уште од мали нозе ги учиме да се го негуваат другарството, животната средина, како да се справуваат со емоциите. На училиште не учат математика, физика, најразлични формули и равенки, но никој не не учи како да се справиме со емоциите. Децата се најдобрите практиканти на јога, бидејќи тие се уште се искрени, невини суштества исполнети со многу чиста љубов, а тоа е природната состојба со која секој човек се раѓа. Исто така имаме најразлични хуманитарни акции, помагаме на социјално загрозени семејства, организираме акции за развивање на свеста кај луѓето за зачувување на животната средина итн.
10957639_810098932396490_4260276325559401073_o

За мене Art of Living е тренд на живеење, пат по кој се оди со многу љубов и насмевка, пат кој не ти ветува ништо, а добиваш сè… се добиваш себеси. Добиваш отворени погледи, ширина во мислата и реализација, вистинска насмевка и радост која трае и трае. За што всушност станува збор – вака некако ќе започнам со мојата омилена тема Art of Living.

22

Во секојдневното живеење со соочуваме со предизвици и контакти за кои имаме чувство дека сè ни оди низ брдо и немаме енергија. Тешко се справуваме со сите влијанија и односи околу себе и светот. Во нас како да се создава револт и неправда бидејќи не можеме да ги смениме нештата односно да бидат такви како што ние сметаме дека треба да бидат. Како да сме ставени во затворен простор и не можеме да направиме ништо за да го смениме светот околу нас. Во тој слулај кој е нашиот избор: Имаме ли избор? Како да направиме промена кога и ние самите сме затворени и беспомошни. Само менувајќи се себеси, може да зборуваме за промени во светот. Во Уметност за живеење се нуди едукација, програма и техники кои успеваат на еден многу природен начин, со помош на здивот и дишењето да ја промениме нашата сопствена енергија и свест. Art od Living нуди можност за полесен, посреќен и квалитетен живот…како што и секој човек заслужува.

1622487_10203031233661082_1098268897570510731_o

Кој е Шри Шри Рави Шанкар?

Шри Шри Рави Шанкар е најголемиот миротворец и хуманитарец кој патува низ целиот свет и смирува завојувани страни. И навистина ова го прави со 100% успешност. Тој е креатор на сите програми кои се реализираат во рамките на Art of Living и секако креатор на многу хуманитарни проекти, како што се изградба на цели населби за бездомници, изградба на училишта за деца од социјално загрозени семејства, помагање при елементарни непогоди.

Background2
Но,  посебно задоволство е да си во негова близина, особено да се слушаат неговите говори. На еден многу едноставен, разбирлив начин проткајан со многу хумор, од него извира мудрост и знаење за животот кое навистина не те остава рамнодушен. Во негово присуство, немаш прашања, а ги добиваш сите одговори.

11

Art of Living  е најголема фондација во светот со 155 земји вклучени во неа. Македонија е една од нив. Колку време постои Аrt of Living во Македонија и нешто повеќе за почетоците и развојот ?

Во Македонија Art od Living постои веќе 10 години. За почетоците можам да говорам долго и сликовито, со голем ентузијазам бидејќи беше и ќе остане за мене навистина единствено доживување. Почетоците беа некаде во времето кога се создаде подлога за нарушување на соживотот меѓу македонскиот и албанскиот народ. Волонтери од Хрватска заедно со сертифицирани тренери пристигнаа во Тетово и ја понудија програмата на едно средно училиште во кое учеа заедно македонски и албански деца.

171667_10150151852786206_4041951_o
Набрзо се одржа голема работилница со овие деца, кои на почетокот покажаа голема недоверба и немир во одржувањето на истата, но на крајот како во некоја најљубовна и социјална драма сите плачеа, се бакнуваа, доживувајќи трансформација на својата доверба и енергија. Кога ми раскажуваа за овој настан солзи ми доаѓаа замислувајќи колку непотребни работи се надвор од нас и не ограничуваат, не прават несреќни и безвредни како дел од еден систем на владеење…подоцна кога и самата отидов и се едуцирав за инструктор по јога и техники за дишење некако за мене сè беше славање. Секоја работилница ми носеше повеќе живот, среќа и мир. До ден денешен, истото се случува со почетокот и крајот на работилниците.

171789_10150151848296206_3772141_o

Првите години бараа големи залагања од причина што немаше се уште едуцурани тренери на оваа програма од Македонија и доаѓаа тренери од надвор, што значеше поголем ангажман и посветеност, како и одговорност за нас неколкумина кои со голем жар и ентузијазам ги организиравме овие работилници низ Македонија. По 10 годишна работа и посветеност, можам да кажам дека поминале околу 2000 учесници, 8 тренери кои редовно одржуваат работилници низ цела Македонија и имаат освоено награди на ниво на држава.

Овогодинешната мисија е “One world one family”. Што значи тоа?

Тое е мотото на Art od Living – Светот е едно семејство, сите да живееме заедно во едно големо семејство, без насилство, без војни, глад и закани. Каде и да одиш во светот ќе видиш дека сите луѓе се исти, имаат исти или слични проблеми, имаат исти или слични животни приказни. Насмевката кај сите луѓе е иста без разлика во кој дел на земјината топка живеат. Не постојат граници.

981389_896514927070766_6539539935903988482_o

Уште една позитивна потврда за работата е номинацијата за Нобелова награда. Колку ќе влијае добивањето на наградата на вас како фондација, што би значело тоа?

За оние кои го познаваат делото на Шри Шри Рави Шанкар, тој за нас е веќе добитник на оваа Награда.

12244761_957574854298106_471349924524558687_o

Токму заради вашата активност и посветеност како организација, денес во светот официјално постои ден кој е прифатен како “Јога ден”. Како се случи сето тоа?

За прв пат, пред две години во Европскиот парламент  Шри Шри рави Шанкар одржа час за справување со стресот, јога и медитација. Тогаш беше предложено да се прогласи Светски ден на јогата кој е на 21 јуни, а прославувањето започна лани во 2015 година. Овој ден се одбележа во целиот свет, секако и во Македонија, а моментално се спремаме за одбележување и оваа година.

art

Што е со Prison Smart програмата?

Prison Smart е програма за рехабилитација и ресоцијализација на затвореници. Во Македонија имаме реализирано околу 5 работилници во затворите, кои покажаа видливи резултати и позитивно влијаеа на самите затвореници. Посебен предизвик се овие работилници и за самите водители, бидејќи за само неколку дена колку што трае работилницата, трансформациите кај затворениците се неверојатни.

584701-aol-art-of-living-yoga-level-1-with-leela-rathi

Уште еден куриозитет е ашрамот во Индија. Изгледа како торта и визуелно, според коментарите кои успеав да ги прочитам, изгледа како сам да се држи во воздухот. Како е изграден?

Интересна е приказната за изградбата на ашрамот. Шри Шри Рави Шанкар сам ја дал идејата ашрамот да изгледа така како што денес изгледа, при тоа внатре не сакал да има ниеден држечки столб. Заради тоа, речиси ниеден архитект, дури и најпознатите и најдобрите, не сакале да се нафатат да го изградат.  Но, Шри Шри Рави Шанкар, ја презел работата во свои раце и со целосна негова поддршка,  денес `тортата` се смета дека е едно од светските чуда. Има кружна форма, без никакви внатрешни држечки столбови, на неколку спрата е, завршувајќи на врвот со купола. Глетката кон самата градбата е неверојатна, посебно навечер кога буквално се прелева во сите бои,  но кога стоиш на било кој дел надвор, глетката кон далечината ти го одзема здивот. Како да си на сосема друга планета. Едноставно мир и спокој ти ја обземаат душата, телото ти трепери од енергијата што струи.

12833286_10154724474209498_691415889_n

На 11, 12 и 13 март во Њу Делхи, Индија се означуваат 35 години постоење на оваа организација, а очекуваната присутност е околу 3,5 милиони посетители. Како се подготвуваше настанот?

Настанот се подготвуваше цела година. Се планираше програмата, се пријавуваа учесници од целиот свет. За да може да се организира и реализира ваков мегаломански настан, се вклучија волонтери од целиот свет. Самото учество во сета оваа приказна не се опишува, само треба да се доживее. Замислете само, над 3,5 милиони луѓе од целиот свет собрани на едно место, медитираат за мир во светот. Е тоа е One world, one family.
wcf-01

Што вклучува целата програма?

Името на оваа прослава е World cultural festival. Самото име кажува, фестивал на културите, различностите од целиот свет. Самата програма опфаќа претставување на земјите со своето културно обележје, фолклор, учество на познати светски музички ѕвезди, поставување на светски рекорд во учество на музички инструменти, обраќања на познати светски политичари и лидери и секако заедничка медитација за мир во светот.
12790916_727220687379731_8602097695294711059_n

Кој може да присуствува, дали е само за членови на Аrt Оf Living  или би можел секој кој ќе покаже интерес?

Секако дека оваа манифестација  може да ја посети секој кој сака, има интерес и желба, не мора да биде член на АОЛ. Вратите се отворени за сите.
12805763_727220737379726_6185577843014026291_n

Кој е пораката која сакате да ја пренесете?

Ако сакате да го промените светот, започнете ја најпрво промената од самите себе. Немирите, војните, нетолеранцијата е глобален проблем, но најпрво треба да се делува локално. А пораката е секако негувајте ја љубовта бидејки љубовта  го движи светот. Љубовта е се, љубовта е најјакото оружје со кое треба да се бориме.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Tags: art of livingидентитетиинтервјукултурамагдалена маневафондација
Претходен пост

Што е среќа

Следен пост

Интервју со Даријан Пејовски: Добро е некогаш да ја видиме жената и како хероина, иницијатор на промените, мотор на приказната

Следен пост

Интервју со Даријан Пејовски: Добро е некогаш да ја видиме жената и како хероина, иницијатор на промените, мотор на приказната

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.