Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Што е среќа

259
Прегледи
Сподели на фејсбук

 (дел 6)

Секој човек на светот си има своја дефиниција за среќата. А, ние сакаме да разбереме за многу дефиниции, да го откриеме гледиштето на многу луѓе на прашањето „Што е среќа?“. Ве запознаваме со Стефан, Полина и Владимир кои со нас ја споделија нивната перцепција за среќата.

Стефан Марковски, писател

b2edbf88-3a7b-4a2e-af1e-510f086f2fde

„Среќата е глагол“. Нејзиното оддржување се заснова на активен процес, труд, работа. Кога е сведена на единствено материјално достигнување, таа е краткотрајна. Кога овие достигнувања се постигнуваат, треба да се прошират нивните ограничувања. Стабилната среќа е секојдневно соочување со стравовите и победа над нив; победа која ги проширува хоризонтите на личноста. Среќата е дел од природата и аспект од здравјето на секој организам; ниту еден организам не е целосно здрав ако не е среќен.

Полина Ѓорѓиева, магистер по кривично право

9630b73d-5956-4c4c-b682-6037bac7995d

За среќа не барам многу. Доволно ми е утрото, сончево; доволно ми е кафето, црно и јако; доволен ми е погледот, кон Битола. Доволно ми е само ова за денот да започне – со насмевка. А за насмевката да опстои природна на моето лице, во текот на целиот ден… И за тоа не барам многу. Доволна ми е смс – порака од драга личност. Доволна ми е позитивната енергија на моите блиски. И да, доволна ми е совршената линија на мојот ајлајнер. Не е скапа среќата.

Владимир Видановски, фотограф

3271da9c-e808-460d-a41e-64a7bf413ab3

Среќа е мирното спиење со убав сон. Среќа е првиот утрински чекор. Среќа е мирисот на кафе, првата голтка и започнувањето на денот. Среќа е чекорењето по ритамот на добрата музика пред средбата со пријателите. Среќа е споделувањето на позитивна енергија и хармонија со другите околу тебе. Среќа е прошетка на чист воздух. Среќа е чувството на исполнетост додека го работиш она што те тера да одиш напред.  Среќа е добрата забава и лудите ноќи поминати со оние кои ти значат. Среќа е топлиот кревет по долгиот ден. Среќата е тоа што предизвикува светот, барем мојот, да се врти, да не престанува, да инспирира и да ме поттикнува да творам. Среќата е тоа што ме тера да не се откажувам.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Претходен пост

ИНТЕРВЈУ:Тања Кочовска – Сакам да научам да живеам од денес за утре

Следен пост

ИНТЕРВЈУ: Жарко Димитриоски “Пораснав со Џамбазов и Летерман”

Следен пост

ИНТЕРВЈУ: Жарко Димитриоски "Пораснав со Џамбазов и Летерман"

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.