Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Што е среќа?

106
Прегледи
Сподели на фејсбук

(Дел 5)

Што е среќа? Наједноставното прашање на свет кое има милиони различни одговори. Среќата е во малите работи, во секојдневието, во очите на љубениот, во насмевката на најмилите. ..Ние и денеска ги прашавме нашите познати имиња што за нив претставува среќата.

Андријана Јовановска – новинар и уредник во списанието “ТАА”

443b0a93-8071-4799-b62b-63164b0ad082

Среќа е авио билет за нова дестинација и пасош полн со печати. Среќа е да го постигнеш она што сите ти велеле дека е невозможно. Среќа е да пееш фалш на цел глас додека сите ти се смеат, ама тебе да ти е убаво. Среќа се глупавите пораки што ти измамуваат скриена насмевка… или те тераат да се смееш на цел глас. Среќа е да си 21 година ТАА и 20 години Комплетна. Среќа е сончев ден сред зима. Среќа е да пронајдеш скриена Милка кога многу ти се јаде чоколадо. Среќа е да најдеш и 1000 денари на „тајното место“. Среќа е Џон Сноу да е жив. Среќа се неколку обични девојки и момци, кои ми се мене посебни. Најсреќа е Тамара, дури и кога не сака да се гушка.

Стела Бардо – Радио ДЈ

9c161071-d4e9-491a-a7a7-3c5a1633e0a0

Среќата е свесен избор, патување, слободен ток на позитивни мисли.

Вики Чадиковска – новинар и радио водител во Метрополис

12308537_10206983540042895_6585799799330969632_n

Среќа е да го почнете денот во периодот на неговото раѓање. Да ја следите природата, која како најкреативен уметник го претвора небото во волшебна убавина. Мене како ранобутник, тоа ми е редовниот ритуал од кој ја црпам енергијата за секој ден. Среќа е твојот сопруг да ти каже дека те сака, тогаш кога не очекуваш. Да добиеш цвет или чоколадо, но, не на датум кога тоа сите го прават. Среќа е да ги гледате облаците и месечината заедно, радувајќи им се на нивните облици, како мали деца. Среќа е кога сите дома лешкариме во пижами, без обврски и задолженија и им се радуваме на малите ритуали кои нашето семејство го прават посебно. Среќа е кога твојата љубов ќе ти каже дека си убава, а ти претходно си и се налутила на вагата. Среќа е кога едни убави рачиња ќе те стават во својот обрач, со додаток: Те љубам мамо, до небото. Среќа е кога ќе ти стане јасно дека си успеал да создадеш вредности кај твоето мало човече. Среќа е кога едвај чекам да се вратам дома, затоа што знам дека таму има три прекрасни личности кои ми чекаат со насмевка. Среќа е да имаш пријатели, кои вистинкси ги сакаш, а на нивното рамо можеш да се наслониш и кога ти е најтешко. Имав различни периоди, а најтешките, ме увериjа дека нема поголема среќа од малите нешта кои животот го прават среќен и поубав.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Tags: андријана јовановскавики чадиковскаодговорпрашањесреќастела бардо
Претходен пост

Амал Аламудин Клуни, новата модна икона во светот

Следен пост

ИНТЕРВЈУ:Тања Кочовска – Сакам да научам да живеам од денес за утре

Следен пост

ИНТЕРВЈУ:Тања Кочовска - Сакам да научам да живеам од денес за утре

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.