Книгата „Што да очекувате во втората и третата година“, која е продолжение на книгите „Што да очекувате во бременоста“ и „Што да очекувате во првата година“, е сеопфатен водич што убедливо им објаснува на родителите сè што треба да знаат за втората и третата година од животот на нивното дете. Сето тоа е опишано низ 800 страници.
Доколку детето покажува склоности кон уметничко изразување по ѕидовите во домот, тогаш прочитајте го следново:
„Моето дете сака да црта, но не на хартија. Денес влегов во неговата соба и открив дека ги наслика сите sидови со црвена боја. Дали да ги тргнам неговите боички се додека тој не е доволно голем за да ги користи правилно?”
Според мислењето на детето, тоа веќе правилно ги користи. Ако му се одземат, ќе биде лишен од уметничкиот израз. Цртањето треба да се охрабрува, не да се забранува. Ова не значи дека малиот Микеланџело треба да го претвори вашиот дом во верзија на Систинската капела. Детето треба да знае дека цртањето по ѕидови е неприфатливо. Но, мора да ги почитувате неговите намери, а еве идеја како да ја насочите неговата креативност.
Кога ќе го начекате среде „декорирање“ на sидовите, избројте до десет пред да реагирате. Запомнете дека тој е сигурно многу горд на својата работа, затоа очекува и оние што го сакаат, да бидат горди на него. Напаѓањето на неговите напори може да ја поткопа неговата самодоверба и да го обесхрабри од идните уметнички напори. Ако почувствува дека цртежот предизвикал внимание, какво и да е, може да го повтори пак. Наместо да ги нападнете неговите уметнички дела и да викате, смирено објаснете му дека одбрал погрешно платно да слика („Сликата е навистина убава, но не мора тука да се црта“)
Потоа, сè уште полни со креативна моќ, седнете до него и покажете му дека „хартијата е она на што ние цртаме“. Колку е поголема хартијата, толку е поголема шансата дека боичките ќе се задржат на неа, наместо на подот или ѕидот. Добра е идејата да ја прикачите оваа хартија на подот за да не му бега под неговите неискусни рачиња. Не седете до него додека црта, но погледнете го од време на време за да видите дали можеби се вратил на цртање на ѕидовите.
Определете термин за цртање во денот и на тој начин ќе воспоставите поголема контрола.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.