Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Денот пред пролетта, денот на среќата!

124
Прегледи
Сподели на фејсбук

 

Сте се запрашале ли некогаш колку е потребно за среќа?  Колку многу или пак колку малку! Гледајќи низ призмата на човековото око никогаш нема да дознаеме за кој човек што значи многу ниту пак за кој човек што значи малку, едноставно е самите не можат да го објаснат.

На интернет страните можеме да наидеме на голем број пораки, мисли од големите умови кои секогаш среќата ја сведуваат на малите нешта.

Секој оној кога ќе го напише терминот среќа на интернет ќе му се појави оваа дефиниција

“Среќата е чувство кое го поседува секој човек, но понекогаш поединецот не е свесен за среќата која што ја има. Среќата може да биде различна. Се смета дека работите кои го прават човекот среќен се мали и безначејни но многу искрени”.

Кога станува збор за среќата таа најмногу зависи од возраста. Децата се среќни за нова играчка, тинејџерите за добра забава, возрасните работа, семејство, љубов и пари, а верувајте најстарите се среќни дури и само доколку ги поздавите со “Добро утро, како сте?”

Секој човек кој во себе има развиено широки хоризонти и познавања, среќата ја сведува во спокојството на душата и задоволството на правење добри дела за другите и за себе кои ќе му овозможат радост и уживање што не може да се изедначи со никаво материјално богатство. Сме сретнале до сега многу големи истовремено празни куќи, а и сме сретнале многу мали куќи полни со многу радост и позитивна енергија.

Среќните луѓе се истовремено и сакани луѓе. Да бидеш сакан во денешно време е голема привилегија. Обично за ваквите луѓе егоизмот е непозната именка, тие се сочуствителни, добри, правични и несебични. Тие покрај што се грижат за сопственото здравје се грижат и за здравјето и општата благосостојба на другиот. Тие знаат како да ја поделат среќата со другите, а истовремено и да ја размножат.  Секогаш треба да бидеме внимателни за нашите постапки, бидејќи нашите дејствувања имаат универзална димензија, а со тоа се создава можност за влијание и подобрување на среќата кај другиот. Кога ќе запознаете ваков човек без разлика на неговот физички изглед, за него ќе кажете дека е “Ова е многу убав човек”  восхитувајќи се на неговата добрина, ведрина, оптимизам, љубов и ширење на позитивна среќна енергија или кратко кажано “ Среќен човек”

Денеска 20.03.2020-та година е токму денот на среќата. Состојбата во која што сме денеска можеби и го подзаборави овој ден. Верувам дека во ваквите моменти кога треба да владее солидарноста, повеќе владее себичноста, но сепак запрашајте се дали денеска несвесно направивте нешто со што предизвикавте среќа на некому и несвесно задоволство себе си?

Запрашајте се што ве прави среќни, запрашајте се како се вашите пријатели и роднини кој одамна сте ги заборавиле, запрашајте што прво ќе направите за себе и за оние кои ги сакате од кога ќе помине ова.

Нека е среќен овој 20.03.2020 година и да не се повтори никогаш!

 

Автор: Бранкица Б. Анѓелевска

Претходен пост

ШТО ДА НАПРАВИТЕ АКО ДЕТЕТО ПОЧНЕ ДА ЦРТА ПО ЅИДОВИ

Следен пост

АНГЕЛА МЕРКЕЛ ВО КАРАНТИН

Следен пост

АНГЕЛА МЕРКЕЛ ВО КАРАНТИН

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.