Шкотска е веќе еден чекор поблиску до правење на санитарните производи бесплатни за сите.
Доколку овој план навистина се реализира, Шкотска ќе биде првата држава во светот што ќе ги снабди граѓаните од понежниот пол со бесплатни производи во текот на месечниот циклус – вклучувајќи ги и тампоните и санитарните влошки.
Предлогот се уште се гласа и одлуката не е конечно потврдена, но велат дека шансите се големи ова да стане реалност.
Иако предлогот бил даден уште во 2017-та година, резултатите од анкета во 2018-та година ги потбутнала работите во корист на жените, бидејќи се покажало дека преку 25% од жените во Англија, Шкотска и Велс имаат пропуштено работни или училишни денови бидејќи не можеле финансиски да си ги дозволат овие производи.
Во Англија и Велс веќе е делумно реализиран овој план, со тоа што во сите основни и средни училишта се достапни санитарните производи бесплатно.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.