„Се преселив од Тексас пред 3 години. Бев премногу фина на почетокот, а луѓето го злоупотребуваа тоа. Постојано ме „газеа“со своето однесување. Токму затоа, морав да станам строга. Немојте да ме сфатите погрешно – јас сеуште сум истата фина личност, само многу постабилна и построга во моите постапки. Посебно кога станува збор за работата и работната околина. Првата работа ми беше како регрутер во компанија за малопродажба. Еден ден, седам на компјутер, регрутирам луѓе, што всушност беше моја обврска во таа фирма, кога влезе мојот шеф и ми рече – заминувај одма доле – СЕГА!
Бев во шок и затоа веднаш го направив тоа што го побара од мене. Но, знаев дека следниот пат кога ќе се случи тоа, морам да кажам нешто. Мене работата ми беше навистина важна, но почитта уште поважна. Ако му дозволев да ме третира на таков начин, тоа ќе продолжеше да се случува и понатаму. Секако, се случи повторно следната недела. Бев за средина на многу важна задача и тој дојде и ми нареди повторно. Немаше прашалник на крајот на реченицата. Не ми се обрати со име. Затоа, решив да прозборам и да му речам: Ако сакаш да направам нешто, ќе мора да ме прашаш на малку посоодветен начин, како што доликува.
Ме погледна како да не му се побраќам нему, но сепак на крај, го повтори прашањето, овојпат токму онака како што треба.“
Извор: Humans of New York
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.