Мојата препорака за исполнување на времето поминато дома е следна: читање книги, нови, стари, репризирајте некоја омилена што сте ја заборавиле.
Јас перидов ја читам повторно „Шангај Бејби“ на Веј Хуј.
Книгата е фантастична – модерна приказна сместена во Шангај, која го следи животот на една девојка „заглавена“ во врска со емоции, но без интимен живот.
Името на главната хероина е Коко, таа работи како келнерка во едно кафуле. Таму го запознава идниот партнер кој подоцна е човекот од кого нема да може лесно да се тргне бидејќи чувствува неопислива привлечност но и должност кон него. За жал, подоцна дознава дека е импотентен и има проблеми со зависност. Карактерот на Тјантјан исто така е одлично доловен, нивната конекција која заради неговиот проблем не може да се развие и предизвикува фрустрации.
Девојката некаде помеѓу врската и потрагата по нешто непознато го запознава Марк, кој е од Германија на работа во Шангај. Нивната привлечност преминува во тивка страст која се разгорува со текот на времето и тие стануваат љубовници…
На страниците на оваа книга се многу детално опишани емоциите на Коко, стравовите, размислувањата, животните ситуации со кои ќе се сретнува, а во кои секоја од нас може да се најде.
Моја апсолутна препорака, нема да зажалите и ќе ја прочитате во еден здив.
Поздрав, Ивана
Текстот е авторски, испратен од Ивана, како дел од повикот да ја изразиме креативноста заедно #СедиСиДома
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.