Кина се понудила да донира 200 респираторни машини за Македонија. Ова го потврди министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.
„Македонија во моментов располага со 200 респираторни машини, а во тек на една недела ќе пристигнат уште 100. Исто така Кина се понуди да донира 200. Значи се на се Македонија ќе располага со 500 машини. Но, не станува збор само за машини, туку мораме да ги подготвиме и луѓето кои ќе ракуваат со нив“, рече Филипче.
Извор: tv21.tv/mk
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.