Понекогаш кога ни е тешко, се што ни е потребно е некој да ни каже дека се е во ред, и дека што и да е ќе помине. Само неколку обични зборови понекогаш се доволни да ни помогнат да се чувствуваме подобро.
Секогаш кога ќе бидете под стрес или ќе се чувствувате лошо, сетете се на следниве зборови.
-Негативното размислување нема да ви овозможи позитивен живот
Менувањето на вашата перцепција го менува и вашето расположение. Позитивните мисли вибрираат на повисоко ниво, со што се создава мирна состојба на усогласување. Негативните мисли само ги зајакнуваат негативните дејства. Размислувајте во поглед на љубов, среќа, надеж и благодарност.
-Се што ви треба ќе дојде во правото време
Животот е долго патување составено од неповрзани настани. Се се случува по посебен распоред. Кога сте под стрес потребно е да се сетите дека животот носи лекции, пречки и награди по различен редослед.
-Секогаш верувајте дека нешто прекрасно ќе се случи
Наместо да се фокусирате на проблемот, не заборавајте дека постои магија секаде околу вас. Вие самите ја креирате вашата иднина преку вашите мисли. Напишете писмо до самите себе, во кое ќе има список на работи кои ги посакувате во вашиот живот.
-Решете да бидете среќни бидејќи е добро за вашето здравје
Да се биде среќен е избор, тоа е подобрувач на расположението. Мислете на некое среќно место, на некое драгоцено сеќавање. Црпете енергија од тие сеќавања, внесете среќа во вашиот простор.
-Не дозволувајте други луѓе да ја контролираат вашата ментална благосостојба
Вие самите го креирате вашиот живот. Превземете одговорност за вашите избори, дела и реакции. Вие најдобро знаете што е најдобро за вас самите. Останете храбри и фокусирани на потребата да создадете душевен мир.