Астрологијата е обемна наука и постојат многу нешта што влијаат врз карактеристиките на хороскопските знаци. Сепак, тука ќе се фокусираме на 4те елементи кои ги придвижуваат: оган, воздух, вода и земја, бидејќи токму тие елементи одредуваат колку вие и вашиот партнер сте компатибилни.
Во прилог погледнете ги хороскопските знаци кои се најмоќни и страствени кога се заедно…
1. Овен – Вага
Овните имаат лидерски карактеристики и силно влијание врз секој аспект на нивниот живот. Затоа, ниеден друг знак со контролирачка природа не е добар спој со овој знак. Сепак, првото нешто што овенот го бара кај партнерот е искреност, а кога се работи за сексуалните активности – не постои постраствен знак од овенот.
Иако лавот и шкорпијата може да бидат солидни партнери за овенот, сепак најдобриот избор е вагата, со нејзиниот лесен тек на животот и искрена природа. Вагата е емоционално зависна, што совршено ја надополнува потребата на овенот да контролира, додека ја истражуваат страста во нивната врска.
2. Бик – Девица
Бикот е традиционален и фамилијарен знак, кој ја сака интензивноста на водењето љубов повеќе од самиот чин. Романтичниот бик е најкомпатибилен со девицата која, како и бикот, ужива во семејниот живот. Наклонетоста на девицата за сетилните задоволства совршено се поклопува со карактеристиките на бикот и тие заедно формираат моќен пар.
3. Близнаци – Стрелец
Веселиот, забавен близнак е одличен пријател што секој сака да го има во близина. Но, кога станува збор за врските, близнаците стануваат малку тешки за повеќето знаци. Општо земено, близнаците се плашат од посветеност затоа што ги прави да се чувствуваат врзани. Она што еден близнак го бара во својот партнер е интелект и духовитост. Стрелецот е совршен партнер за него бидејќи се плаши дека ќе ја изгуби сопствената слобода, а тоа никој не може да го разбере подобро од близнакот. Хуморот што го поседува стрелецот едноставно го импресионира близнакот. Овие два знака во врска се чувствуваат исклучително среќни и исполнети еден со друг и заедно можат да го освојат светот.
4. Рак – Бик
Ракот има силно изразено чувство за емпатија. Секогаш е во потрага по долга и сериозна врска, каде што можат да се поврзат со својот партнер, емотивно. Бикот е совршен бидејќи поседува голема доза на емотивност, сериозност и сталоженост. Тоа ќе му пружи на ракот силно чувство на сигурност.
5. Лав – Овен
Полни со гордост и високо его, лавовите знаат да бидат незгодни за останатите знаци. Овенот е совршен знак за лавот поради природната страст и сила што ја носи во себе. Тој нема да се почувствува загрозен од страна на лавот и ќе ја изрази својата љубов со елеганција и големина, а лавот ќе возврати со иста мера. Ова е пар на кој што сите им завидуваат и никој не може да се натпреварува со нив.
6. Девица – Шкорпија
Еден од најуредните знаци во зодијакот е девицата. Не постои поголем перфекционист од неа и таа е често резервирана, но внимателна кон својот партнер.Страствената шкорпија е одличен избор за девицата, поради интензивната емоционалност која ја носи во себе. Овие два знака се многу различни, но совршено се надополнуваат.
7. Вага – Близнаци
Вагата е роден дипломат и секогаш лесно ги решава конфликтите. Иако осаменоста ги вознемирува, тие по никоја цена не би завршиле со личност што нема да ги активира интелектуално. Секогаш љубопитна, вагата ужива да се дружи и секојдневно да учи нови работи за луѓето. Близнакот со својата комуникативност е совршен знак за неа. Стабилноста на вагата му помага на близнакот да остане на земја.
8. Шкорпија – Риби
Сериозната и група шкорпија е исклучително емотивна и одмаздољубива. Што и да прават, го прават со страст. Имаат агресивна и доминантна страна кога станува збор за романтичните партнери, но кога шкорпијата ќе се поврзе со риба, балансот си доаѓа на свое место и тие заедно се едноставно непобедливи. Додека шкорпијата ги разбира емотивните риби, може да ја искористи својата природна страст и интензитет во целост. Покрај страста и моќта кои овој пар ги создаваат, она што всушност го прави овој пар непобедлив е силната интуиција.
9. Стрелец – Водолија
Ако едно нешто стрелец мрази најмногу … тоа е да остане на едно место. Стрелците се родени за да се движат и да патуваат. Потреба им е слобода за да преживеат. Ако некој сака да ги врзе за едно место, тие ќе заминат. Кој друг може да го разбере ова од водолијата? Тие поседуваат подеднаква желба за слобода, а водолијата ја зачинува врската со стабилност, отвореност и љубов кон авантури. Затоа, овој пар никогаш нема заедно да се соочи со монотонија.
10. Јарец – Девица
Јарците се амбициозни и посветени. Тие знаат што сакаат од животот и се фокусираат на тоа. Дури и во врските, тие даваат сѐ од себе, што е исто така причина зошто се обидуваат да се држат понастрана од врски – се плашат дека ќе бидат повредени. Дисциплираната девица го разбира тоа и му помага на јарецот да го одржи редот. Тие се крајно фокусирани и прават прекрасна целина.
11. Водолија – Вага
Водолија веројатно е последната личност што ќе продолжи да протестира дури и кога сите ќе заминат. Овој знак е роден бунтовник и не трпи неправди. Желбата на вагата за еднаквост е она што прави тие да се привлечат. Заедно ќе бидат посилни и вагата малку ќе ја скроти дивата природа на водолијата, пружејќи и го потребниот баланс.
12. Риби – Јарец
Риби и јарец се два спротивни столба кои се привлекуваат силно. Рибите се фантазери и големи креативци, па го привлекуваат јарецот кој е секогаш сталожен и на земја, бидејќи го инспирира и поттикнува да ги оствари своите соништа и да ризикува. Јарецот за возврат ќе и помогне да ја види и реалната страна и да не ”лета” премногу во облаците. Овие два знака совршено се надополнуваат, создавајќи моќна појава.