Во последните години во сегментот здравје, се повеќе се обрнува внимание на терминот self-care, односно грижа за себе. Доколку во минатото тоа порано се подразбираше, денес се појави потребата да се акцентира бидејќи со брзиот начин на живот, секој од нас почна да заборава на грижата за физичкото, менталното и емотивното здравје.
ИСХРАНА: ЈАДЕТЕ ИНТУИТИВНО
Наместо да го поминете болното патување со губење на тежината следејќи ги строгите упатства размислете дали навистина можете да се откажете од целата храна што се забранува и да јадете нешто што е наметнато. Иако овој алтернативен процес може да трае многу подолго – после секој оброк ќе станете свесни за реакциите на вашето тело: ако се чувствувате подуени, слаби или забележувате промени после некое време (како акни после премногу шеќер), отфрлете или барем да го намалите внесот на храна што ви штети. Тоа е почеток на создавање на своја диета што ќе даде резултати што ќе ве направат позадоволни.
ДУХ: ПОЗИТИВНОСТ НА ТЕЛОТО
Со поотворени погледи кон убавината, новата ера нè натера да размислиме дека можеби не е само важно како изгледаме, туку и како се чувствуваме. Кога даваме приоритет на тоа како функционира телото, наместо како изгледа, стануваме посреќни. Ова не е изговор за мрзеливост и прејадување, туку обид да се ослободиме од стегите кои се наметнаа со текот на годините. Новите генерации нè учат дека сите се убави на свој начин и потенцираат дека секој треба да ја покаже својата единствена убавина.
ВЕЖБАЊЕ НА ТЕЛОТО: ЗАМИСЛЕТЕ ФТИНЕС РУТИНА КОЈА ВИ ОДГОВАРА САМО ВАС
Различни програми и курсеви се одличен начин да го доведете вашето тело во ред. Не се ограничувајте само на една дисциплина и еден начин на вежбање бидејќи на тој начин станува обврска и по некој автоматизам, вашиот ум ќе почне да ја одбива.
Запрашајте се: Дали претпочитате да вежбате сами или во група? Дали претпочитате да останете во затворена просторија или на свеж воздух? Дали ви се допаѓаат енергични или мирни движења? Ако не сте сигурни, проверете неколку видеа од различни форми на вежбање и тестирајте се.
ПСИХА: НАУЧЕТЕ ДА ГИ ЧУВСТВУВАТЕ ЧУВСТВАТА
Ако избегнуваме чувства како тага или стрес, ние всушност само ги криеме и го одложуваме нивното дејство. Токму затоа, тие почнуваат да се манифестираат во форма на прејадување, пијанство, неконтролирано купување или друг вид претерување со останатите навики. Негативните чувства се непожелни само во некои ситуации – на работа или за време на групни прослави каде што сепак треба да се внимава на одреден код на однесување. Во слободното време, препуштете се и бидете тажни, лути и љубоморни. Важно е да не се повикувате на негативните чувства кога ги нема, туку да уживате во состојба на избалансирани чувства.
Извор: buro247.hr
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот