Научете ги децата да бидат доволни сами на себе
Како социјална целина, сите сме опседнати со тоа на децата да им го олесниме животот и забораваме да ги научиме на најважната вештина – како да бидат самостојни и подготвени да се грижат сами за себе. Им ја кратиме можноста да научат да ги завршуваат некои обврски сами. Ние, како технолошки напредно друштво забораваме на основната вештина- како да ги научиме да водат разговор.
Ги обвинуваме децата дека се мрзливи, а всушност живеат во ера на брзи и лесни решенија кои ние сме им ги обезбедиле.
Без разлика во која и ера да живет, сите тинејџери би требало да знаат:
-Како да се ракуваат кога некого ќе сретнат
-Како да се заблагодарат
-Како да испржат јајца
-Како да се извинат
-Како да започнат разговор во малку познато или непознато друштво
-Да измијат садови(рачно)
-Да поправат нешто, наместо веднаш да купат ново
-Како да користат чекан, а да не го удрат прстот
-Да закачат слика на ѕид
-Да имаат трпение ако нешто сакаат и да знаат да штедат за тоа
-Да следат упатства од рецепти за подготовка на храна
-Да користат мапа(од хартија)
-Да испеглаат маица
-Да признаат грешка
-Да се грижат за помалиот брат или сестра
-Да внимаваат што јадат
-Да преземат и пренесат порака
-Да јадат на маса без присуство на дигитални уреди
-Да неместат маса
-Да го исперат автомибилот
-Да искосат трева
-Да побараат помош кога им е потребна
-Да донесат одлука
-Да дадат комплимент
-Да се разбудат на време(сами)
-Да се спакуваат сами за пат
-Да заземат став и да стојат зад она во кое што веруваат
-Да ги завршат своите обврски без потсетување
-Да спакуваат подарок
-Да водат сметка за тоа кога треба да се оди на фризер, стоматолог…
-Да управуваат со сопственото време
-Да исчистат со правосмукалка и да избришат прашина
-Да сменат сијалица
-Да гледаат во очи додека зборуваат
-Да покажат и вложат труд
-Да бидат љубезни
-Да се борат за себе и за другите
-Да научат дека еважно да пешачат и да се бават со некаква физичка активност
-Да учат
-Да бидат искрени
-Да слушаат
-Да се соочат со разочарувањата, бесот и фрустрациите
-Да ги прифатат работите кои не можат да ги променат
-Да научат да го променат тоа што можат
Без ова, не можете да ги пуштите во самостоен живот.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот