Германскиот филозоф Фридрих Ниче бил роден на 15 октомври 1844 година. Тој се смета за еден од најпровокативните и највлијателни мислители на 19.век.
Тој тврди дека човекот ѝ припаѓа на земјата и дека треба да ѝ биде верен. Неговото учење се состои во тоа дека во светот не владее закон, туку хаос и дека животот е борба. Основата на сè е волјата за моќ која ја има секој човек.
Овој филозоф во уметноста го гледа целосното прифаќање на животот, бидејќи преку неа светот го добил своето значење и смисла и благодарение на тоа можеме да ја поднесеме егзистенцијата.
Во продолжение, некои од неговите добро познати цитати…
-Иднината им припаѓа на оние кои најдолго и најдалеку се сеќаваат на минатото.
-Секој поседува онолку суета колку што му фали разум.
-Нашите маани се најдобриот учител.
-Полесно е да се одрекнеш од некоја работа, отколку да бидеш умерен во истата.
-Ако Бог не постои, треба да се измисли.
-Ако човек секој ден стои на работ и гледа во бездна, еден ден и бездната ќе погледне во него.
-Најцврсто сме поврзани со невидливите нишки.
-Најдобар начин да го започнете денот е при будење да размислите кој човек тој ден ќе го израдувате.
-Можете да му наредувате само на оној кој не знае сам себе да се слуша.
-Како лошата музиката и лошите причини добро звучат кога маршираме кон непријателот.
-Убавината на сознанието би била непозната ако на патот кон него не би морале да совладаме толку срам.
-Не е силата, туку трајноста на возвишените чувства тоа што ги прави луѓето возвишени.
-Воздржете се од плукање против ветрот.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот