Извештај: Првично дознав за субјектот на 03.02.2016, преку надворешни извори од полициската станица во општина X. Има извештај дека на 02.02.2016 млад тинејџер влегол во полициската станица и самостојно се пријавил дека е виновен за смртта на својот пријател M.K , кој еден ден претходно имал извршено самоубиство. Извештајот беше конфискуван според протоколот Ф-6. Субјектот беше пуштен од полициската станица, меѓутоа остана под надзор се до 05.02.2016 кога беше првичната интеракција. Следува транскрипт на аудио снимка од мојот разговор со субјектот, во психијатриска ординација, обезбедена за потребите на организацијата. Видео-снимката од разговорот е во досието М-2042 во архивата за аудио-визуелни материјали. Разговорот се одвиваше во специјално изолирана соба по протокол Ф-9.
ТРАНСКРИПТ 1, 05.02.2016, 17:13:05
„Добар ден Даниел. Јас сум доктор В.С.“
„Здраво докторе.“
„Како си?“
„Па… онака.“
„Знаеш зошто си тука, така?“
„Да, моите мислат дека сум психички растроен.“
„Ти не го делиш нивното мислење?“
„Не баш.“
„Ми кажаа твоите дека си пробал да се пријавиш во полиција. Можеш да ми кажеш повеќе за тоа?“ (Субјектот гледа на страна во тишина)
„Види, знам дека ти е тешко да зборуваш за тоа што се случи ама…“
„Не ми е тешко да зборувам.“
„Туку?“
„Нема да ми верувате.“
„Даниел, мене работа ми е да имам отворен ум. Можеш да ми се отвориш. Ќе ми кажеш сега зошто отиде во полиција и што точно се случи?“
„Треба да ме затворат.“
„Зошто го мислиш тоа?“
„Јас го убив Мартин.“
„Близок пријател?“
„Најблизок. И јас… ама не беше намерно, не сакав.“
„Како се случи тоа?“
„Нема да ми верувате.“
„Ајде, пробај.“
(ЗАБЕЛЕШКА: Во овој момент настана тишина која траеше неколку минути пред субјектот повторно да проговори.)
„Почна пред месец дена. Уствари не знам кога точно почна. Еден ден се разбудив и… можев. Првин не беше така јако… Не бев ни свесен за тоа, само почнав да правам склекови полесно, да скокам повисоко, и еден ден цигарата ми падна од уста и пред да падне на земја се крена сама нагоре. Тогаш знаев.“
„Што знаеше?“
„Дека можам да мрдам работи со умот.“
Кликнете тука и прочитајте го остатокот од расказот…
Извор: Авторски текст на читателот Марио Савовски.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.