5 интересни работи кои може да ги правите по дома во оваа ситуација со корана вирусот!!
-
Да играте друштвени игри со вашето семејство
Како на пример: Ние по дома си играме карти, може да играте и монопол, брза географија …
-
Да бидете поактивни на социјалните мрежи со креативни постови и stories
Како на пример: Јас лично сум активна на социјалните мрежи Instagram и Tiktok, еве неколку интересни сугестии:
* Тикток ви овозможува да играте, а со играњето воедно ќе согорите некоја калорија
* Инстаграм вашите слики и постови правете да бидат покреативни, користете апликации за едитирање на сликите, никој не ви е потребен да ве слика се можете сами = земете трипод ставете го вашиот телефон или камера најдете позиција, внимавајте на светлината тоа е најважно, облечете нешто тренди и cool, нашминкајте се, пуштете музика и забавувајте се.
Верувајте ќе ви помине времето и нема да ви е досадно.
-
Направете си домашно кино
*Уклучете Netflix или пребарајте на filmotiva.net, може да гледате некоја интересна серија или гледајте филм. Моите последни 4 филмови:
– Вчера го гледав Џокер
– 6 Underground
– Ibiza
– Charlie’s Angels (2019)
4. Правете нешто за кое сте немале време
Како на пример: Јас никогаш немав време да седнам да цртам. А сега кога веќе седам дома МОЖАМ!
-
Читање на книги
Како на пример: Искрено не читам многу книги, но сега кога имам слободно време ќе ја читам
The Secret од Rhonda Byrne!
*Текстот е авторски и не е лекториран, испратен е од читателката Христина Манчева, како дел од повикот за меѓусебна поддршка во овие денови
#СедиСиДома и #Креирај
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.