Новиот корона вирус се чини дека не влијае на децата на сериозен начин. Но, тоа не значи дека нема социјални последици заради затворените училишта за деца, откажани планови за пролет, прекин во образовните програми во и надвор од училишните клупи. За родителите кои треба да работат од дома, станува навистина тешко изводливо да се постигне сè.
Една од централните препораки што експертите ја кажуваат е за да се одржи одредено чувство на сигурност за вашите деца, потребно е да креирате распоред, пишува Вог.
Можам да ја потврдам вредноста во овој совет, вели авторката на текстот.
Ден 1 од работата од дома, нема училиште, се занимававме спонтано. До 14 часот, моето 6 годишно дете се тркалаше на земја фатено за моите глуждови со изглед на ренесансна хероина заглавена во зандана на некој дворец, додека за тоа време моето 4 годишно дете изведуваше спринтови во ходникот, напред назад со палка за голф во рацете.
Каде беше двегодишното? Страв ми е да помислам.
Таа вечер, седнав да направам распоред. Направив период за читање(мојата пауза за ручек ќе ја поминам со Лајл Крокодилот), вежабање пишување( на ова можам само да се надевам) и практицирање наука во кујната(готвење едноставни работи). На тој начин, остана многу слободно време за играње, но исто така планот ни помогна да го поминеме денот полесно, како и следните денови кои доаѓаат.
Многу од училиштата во моментов експериментираат со учење од дома, но ако вашите деца се премногу мали за да седат пред тв и да следат настава, во тој случај има неколку активности кои може да бидат занимливи за нив.
- Побарајте го стариот атлас на светот од основно училиште и учете ги земјите повторно, заедно со децата
- Побарајте ја играта „Не лути се човече“
- Наместо да пишуваат писма до своите другарчиња, побарајте од нив да нацртаат писмо – секој ден по едно писмо што го опишува денот
- Редете сложувалка
- Бојте боенка
- Играјте со сапуница
- Садете цвеќиња заедно на тераса, сега времето е идеално за тоа
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.