Антон Павловиќ – Чехов руски новелист и драмски писател кој бил лекар по професија, но се занимавал со пишување уште од средношколските денови, кога почнал да објавува текстови во весниците.
Ви издвојуваме мудри пораки и по некој афоризам…
- Човекот, целиот живот живее сам, цел век учи, но успева да научи само преку животните несреќи.
- Нема, ниту може да има праведно богатство.
- И за 1000 години, човекот повторно ќе се издишува вака: Ах, тешко е да се живее – и со ист здив како сега ќе се плаши да умре.
- Здрав човек има илјада желби. Болниот само една.
- Стотици километри празни, еднолики и изгорени степи, не можат да предизвикаат така длабока депресија како еден досаден човек кога седи, зборува и не знае кога е време да си замине.
- Ниту љубовта, ниту пријателството, ниту почитувањето не можат толку да ги зближат луѓето колку заедничката омраза.
- Убавото воспитување не е во тоа да не истуриш сос на масата, туку да не забележш ако некој друг го направи тоа.
- Колку е убаво да седиш дома кога врне дожд по покривот и кога знаеш дека во твојот дом нема досадни луѓе.
- Кога сонцето грее и на гробишта е весело.
- Ако не знаеш што чувствуваш кон некој човек – затвори ги очите и замисли дека го нема. Никаде. Го нема и нема да го има. Тогаш, сè ќе ти биде јасно.
- Не можете од калта да барате да не биде кал.
- Циник е грчки збор, во превод на твојот јазик би значело свиња која сака целиот свет да знае дека е свиња.
- Сè знаат и сè разбираат само будалите и озборувачите.
- Кога човек нема вистински живот, тој живее од фатаморгана.
- Честа не може да се одземе, таа може само да се изгуби.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот