За Енија, неповторливата келтска музичка ѕвезда од крајот на 80те и почетокот на 90те, е позната и по мистеријата околу нејзиниот живот.
Енија од 1997 година живее во викторијански дворец во близина на Даблин. Таа во последните 10 години се појавила само двапати во јавноста.
Иако јавноста не ја гледа многу, таа во период од 10 години успеа да издаде два албума. Таа е личност која сака да се посвети детално на работата која ја сака односно на секој песна посветува посебно внимание, така што нејзините соработници велат дека може да се случи дури да има повеќе од 100 преснимувања на една песна.
Нејзиниот вујко, Ноел Доаган за “The Sun” изјавил дека таа ја сака изолација, живее како кралица, но не се гледа со семејството. За нејзината изолација, таа самата ќе каже дека не би можела да замисли кој партнер би ја поднел во едно мрачно издание после снимање албум.
Инаку, нејзиното целосно име е Enya Patricia Brennan, родена е на 17 мај 1961 година. Во нејзината кариера има издадено 8 албуми, последниот го издаде минатата година, “Dark Sky Island”. Меѓу другите награди, беше номинирана за Оскар во 2002 за песната “May It Be”, дел од саундтракот на трилогијата “Lord od the rings”.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот