Семјуел Лангхорн Клемeнс (30 ноември 1835 – 21 април 1910), попознат под својот псевдоним Марк Твен – истакант американски писател и комичар. Тој е најпознат по своите романи, Авантурите на Том Соер (1876 година) и неговото продолжение Авантурите на Хаклбери Фин.
Тој постигна голем успех како писател и оратор. Неговата духовитост и сатира беа пофелени од критичари и тој бил пријател со претседатели, уметници, индустријалци…
Роден во време на појавата на Халеевата комета, тој умира на нејзиното повторно појавување. Прогласен е за „најголем американски комичар на своето време“ и Вилијам Фолкер го нарекол Твен „татко на американската литература“.
Твен бил воодушевен од науката и научното испитување. Тој развил блиско и долготрајно пријателство со Никола Тесла и двајцата поминувале многу време во лабораторијата на Тесла.
Твен патентирал три изуми, вклучувајќи „подобрување во прилагодливите ремени кои се одвојуваат за облека“ (да ги заменат прерамките) и безвредна историска игра. Најголем рекламен успех бил самолеплив лексикон, суво лепило меѓу страните кој само треба да се навлажни пред да се употреби.
Во својата книга Јенки од Конектикут во судот на крал Артур претставува патник низ времето од современата Америка, кој го користи своето научно знаење за да ја претстави модерната технологија во Англија од времето на Артур. Овој тип на приказна подоцна ќе стане една заедника карактеристика на поджанрот на научната фантастика, изменета историја.
Во прилог неколку цитати од Марк Твен:
„Тајната на постигнувањето повеќе е во тоа дека треба да започнете.“
„Љубезноста е јазик кој и глувите можат да го чујат и слепите да го видат.“
„Се што ви е потребно во животот е игнорантност и самоувереност и успехот е загарантиран.“
„Кога сте лути, бројте до 4. Кога сте многу лути, пцујте.“
„Не сакам да се посветам ниту на рајот, ниту на пеколот – знаете, имам пријатели и на двете места“
„Ако ја кажувате вистината постојано, не ви треба добра меморија.“
„Да се откажете од пушење е најлесното нешто во светот. Знам бидејќи се имам откажано многу пати.“
„Храброста е отпор кон стравот, но надвладување на стравот, а не негово непостоење.“
„Ја имаме најдобрата власт која што парите можат да ја купат.“
„Бидете безгрижни во изборот на вашиот фустан, но важно е да имате чиста душа.“
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.