Hollywood вчера се собра на едно место за да ги прослави најдобрите во светот на телевизијата и филмската индустрија на 25-тото издание на Critics’ Choice Awards, кој се одржа во Санта Моника, Калифорнија.
Taye Diggs се врати како домаќин на настанот и се погрижи да ја насмее публиката. Критичарите проговореа и ги наградија оние кои во изминатава година се покажаа како најдобри.
Netflix собра најмногу номинации (вкупно 61), најмногу благодарение на The Irishman кој беше најноминиран филм оваа година и When They See Us како најноминирана серија. Филмот Once Upon a Time in Hollywood се најде на повеќе победнички листи меѓу кои за најдобра слика, најдобро оригинално сценарио, најдобар продукциски дизајн, а Brad Pitt ја понесе со себе наградата за најдобар спореден актер во истоимениот филм.
Во прилог, погледнете ги најдобро облечените дами на црвениот тепих…
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.