Првите пролетни колекции најавија уште една раскошна и разиграна пролет пред нас истакнувајќи ги фаворитите и трендовите – од враќањето на омилените класици во нова облека до спектакуларните трендовски модели кои ќе го зачинат на секојдневниот стил. Додека ја бирате облекатa, модните додатоци уште еднаш ќе докaжат дека убавината е во деталите. Еден од моделите што ќе го вратиме на полицата за чевли се салонките.
Со модерна модификација на моделот, деталите или бојата, елегантните салонки уште еднаш ќе се истакнат како совршен избор за деловни, формални и вечерни комбинации.
Новата сезона ги избриша сите сите непишани правила во рамките на колекциите на омилените модни брендови. Иако класичните салонки со мат кожа обоени во црна или понежна боја, но подеднакво елегантни и класични, се издвојуваат како најпосакувани и најпопуларни. Големите брендови воведоа и модерно толкување на стариот класик.
Елеганцијата на едноставни модели на салонки ги претвори во трендовски детали оваа сезона. Во комбинација со фармерки или романтичен пролетен фустан, трендовска облека или трендовски мини здолниште, оваие чевли дефинтивно се вистинскиот избор за дамите.
Извор: journal.hr
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.