Изолацијата во домот остава простор, меѓудругото, да посветите внимание на негата на кожата. Денеска, тоа нека биде кожата на вашето лице.
Што треба да знаете пред да почнете да ја нанесувате козметиката?
Од суштинска важност е лицето најпрво темелно да се исчисти. Идеално за овој чекор е да го пробате (доколку веќе не го користите) Three Step Skin System од Clinique кој ќе ви помогне да го добиете посакуваниот ефект.
Уште еден одличен лосион за чистење на лицето е Daily Energizer Wake-Up Booster од Clarins. Ја обновува енергијата на лицето и дава свеж и сјаен изглед, оставајќи ја кожата добро хидрирана во текот на денот.
Oткако кожата ќе биде темелно исчистена и истретирана, слободно преминете на следниот чекор – нанесување серум.
Сигурно помисливте дека следи кремата веднаш, но не. Прво се нанесува серумот кој навлегува длабински во кожата, ја храни и ја негува. Кремата успева да допре само на горниот слој на епидермот, но серумот е тој што ја врши работата потемелно.
Доколку немате пробано ниту еден серум досега, во тој случај сакате нешто добро. со одличен и видлив ефект, побарајте го Advanced Night Repair Synchronized Recovery Complex II серумот од брендот Estee Lauder.
Крема која што одлично доаѓа после овој серум е Revitalizing Supreme+ Global Anti-Aging Cell Power Creme.
Откако ќе завршите со оваа рутина за нега на лицето, веднаш ќе ја почувствувате промената на кожата. А доколку пак имате прашања во однос на тоа, можете да го контактирате тимот на парфимериите Anabella, кој ќе ви одговори како најдобро да ја негувате кожата со соодветни производи.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.