Вие сте Австралиeц кој успеа да го отелотвори францускиот концепт на господин за Givenchy…Дали мислите дека квалитетите на еден господин се универзална карактеристика?
-Да, мислам дека се. Подготвеноста да се биде љубезен е суштината на еден господин за мене. Некои луѓе мислат дека тоа е премногу ретро, застарено и надминато. Но, јас не. За мене, тоа е нешто кон кое дефинитивно треба да се продолжиме да се стремиме. Иако, јас сум личност кој се смета себеси за господин кој постојано работи на себе. Од оваа дефиниција, можете слободно да го тргнете полот и да станете личност која е топла и љубезна со сите други.
За Вас, ова ќе биде четврта сезона како работите за парфемите на Givenchy. Какво е чувството да се биде дел од нешто толку престижно како оваа француска модна куќа?
Навистина уживав во целото ова искуство. Се чувствувам горд заради соработката и можноста да бидам дел од етаблиран и престижен бренд, историска модна куќа како Givenchy и да бидам сведок на развивање на Gentlemen Only брендот низ годините, кој ја неутрализира својата елеганција на културен и префинет начин.
Кои луѓе се апсолутни господа според Вас?
Додека растев, имав ментори кои беа различни по карактер, имаа вредности кои јас ги прифатив и се држев до нив. Тие ми беа добри пријатели кои ги чувствувам како семејство денес. Секогаш беа пример за мене, заради нивната искреност, позитивност и дарежливост во однос на нивниот пристап кон животот.
Gentlemen Only Absolute е за тоа да го дадеш најдоброто од себе. Кога Вие се чувствувате дека сте го дале најдоброто од себе?
Не многу често. Јас сум човек кој поставува многу високи стандарди за себе. Тоа е баланс помеѓу тоа да се биде сигурен во себе, да се биде среќен во сопствената кожа и да се ужива во друштово во кое сте. Понекогаш мора да ги изживеете овие моменти и да сфатите дека навистина се случиле. Јас секогаш се стремам да одам нагоре и да го дадам најдоброто од себе додека се движам напред.
Како би го опишале Gentlemen Only Absolute? Колку се разликува од останатите Gentlemen Only мириси?
За мене, Gentlemen Only Absolute е многу земен мирис. Исто така, посебно ми се допадна Gentlemen Only Casual Chic кој беше многу живописен. Две мирисни ноти за различно расположение кои се надополнуваат меѓусебно.
Во која прилика го носите Gentlemen Only Absolute парфемот, а во која останатите парфеми на Gentlemen Only?
Со Gentlemen Only, можете да одберете парфем во согласност со вашето моментално расположение, а истовремено да одговара на вашата личност. Можете да го носите кога се чувствувате добро или кога имате потреба да бидете посмирени. Најважно од се е тоа што мора да знаете да ја носите конкретната мирисна нота, а не таа да ве носи вас.
Ова е вторпат како снимате кампања за Gentlemen Only во Париз. Овојпат, сетот е во познат париски хотел со 5 ѕвезди. Кои се вашите омилени места во Градот на Светлината? Посебно навечер?
Јас сум воодушевен од класични париски ресторани. „La Closerie des Lilasе“ е за мене ултимативното париско бистро. „Le Petit Riche“, се наоѓа во 9-тиот арондисман. Станува збор за традиционален ресторан кој ќе ве однесе назад во времето, за време на периодот на “La Belle Epoque”. Јас сум апсолутно вљубен во таквата атмосфера. Покрај тоа, уживам и во прошетките низ градот. Светлината на Le Pont Alexandre III во приквечерието го одзема здивот. Notre Dame навечер е прекрасен, посебно во оној момент кога сите светла се запалени.
Susie Q и Leo Siboni ја режираа рекламата за Gentlemen Only Absolute. Како беше да се работи со нив како дуо, како тоа влијаеше на расположението на самиот сет?
Интересно беше да ги гледате како работат заедно толку лесно. Тие се млади, па затоа немаше однапред поставени очекувања во однос на нивната репутација. Тие беа возбудени заради рекламата, многу се забавуваа, што позитивно влијаеше и на мене. Имаше свежина во нивниот пристап. Балансот помеѓу раскажување на приказната и вклопување во сликата на Givenchy беше интересно да се доживее. Французите се многу софистицирани и елегантни, тие претставуваат противтежа благодарение на нивниот дух, нешто со кое можев да се поврзам. Ја обожавам таа кул комбинација која се појавува низ неколку кампањи наназад.
Вие го игравте ликот на Патрик Џејн во тв серијата „Менталист“ 7 години. Тоа е Вашата најдолго играна улога. Дали Ви недостига шармантиниот и духовит господин како што ни недостига нам?
Па не многу, иако беше навистина забавно да се биде Патрик. Живеев со карактерот толку многу години! Како и други улоги кои ги имам одиграно, има аспекти на овој лик кој ме доловуваат и мене. Предизвикот со кој сега се соочувам, е да не ме поврзуваат со него засекогаш. Ќе биде тешко, со оглед на неговата популарност. Благодарен сум за искуството и за можноста која ми се даде, овој интернацинално обожуван лик да го играм јас.
Само што завршивте со режирање на вашиот прв филм, „ Breath, “, базиран на бестселерот на Тим Винтон. Како се чувствувавте соочувајќи се со еден ваков предзивик?
Многу години поминав работејќи на тоа. Ја дадов целата моја енергија. Се работи идентитетот на една личност и одлуките кои ги носиме, а не дефинираат. Сакам да поминувам низ тој процес. Ова беше предизвик за мене кој влијаеше на мојот живот на многу позитивен начин.
Покрај Сандо, ликот кој го играте во „Breath“, какви улоги ве интересираат сега?
Секогаш сум преферирал комплексни карактери. Сакам ликови кои се скршени на некој начин. Кај нив секогаш има нешто што е ‘исклучено’. Имаме можност да го гледаме Сандо низ очите на 15 годишна личност, која е главен карактер во филмот. Сандо е манипулативен, длабоко во себе патетичен човек, иако навидум е херој. Не е баш материјал за господин!
Интервјуто е направено за потребите на брендот и тековната кампања.ин
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.