Елвис Присли (8 јануари 1935 – 16 август 1977), исто така познат како Крал на рокенролот, или едноставно како Кралот бил американски пејач чиј ефект на светската култура може да се спореди само со оние на Битлси и Мајкл Џексон. По број на продадени плочи, постигнувањата на Елвис се феноменални и го надминуваат секој друг музичар. Како и за секоја друга светски позната личност, има некои детали за животот на овој музичар кои јавност речиси не ги знае. Откриваме некои од најинтересните.
- Тој ја почнал кариерата под името Хилбили Мачорот.
- Елвис имал црн појас во карате.
- Во 1954, Елвис се пријавил на аудиција за да биде дел од еден госпел квартет. Бил експресно одбиен.
- Елвис бил колекционер на мермерни статуи од Венера и Јована Орленка.
- Во своите тинејџерски години Елвис имал руса коса.
- Во текот на кариерата снимил повеќе од 600 песни, но немал напишано ниту една.
- Првото емитување на негова песна се случило во 1954 г. на радио-станицата од Мемфис WHBQ. Песната била “That’s All Right”/“Blue Moon of Kentucky”.
- Во декември 1957, тој се приклучил кон Американската армија и заработувал само 78 долари месечно.
- Во раните 1960-ти Елвис посвоил шимпанзо кое се викало Скатер.
- Настапил само на пет надвор од територијата на САД, сите тие се одржале во Канада.
- Ниеден од филмовите во кои глуми Елвис Присли не биле номинирани за која и да е категорија на Оскар. Елвис снимил 31 филм и 2 музички документарци.
- Присли освоил три Греми награди – за своите госпел албуми.
- Крстеното име на Елвис било Elvis Aron Presley, но на неговиот надгробен споменик пишува Elvis Aaron Presley, поради ненамерна грешка на склупторот кој го изработувал неговиот споменик.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.