Од 9 до 16 октомври во интернет-книжарницата на ТРИ се случува виртуелниот настан на годината – овогодишниот Саем на книга.мк.
Интернет-книжарниците немаат работно време – 24/7 ќе можете да нарачате книги, а ќе има голем избор и уште поголеми попусти – над 700 наслови, 16 издавачки куќи и попуст до 70 %. Од ТРИ повикуваат заедно да уживаме во предностите на онлајн ерата и да ги искористиме за нашата омилена активност – читањето.
Разгледајте го изборот на линкот што ќе го најдете на фејсбук- и инстаграм-страниците на Издавачки центар ТРИ и информирајте се, одлучете се или, пак, советувајте се ако немате читачка идеја. Освежете ги полиците со нови наслови пред да настапи длабоката есен. Без разлика дали сакате белетристика, трилери, книги за деловен или за личен развој, на kniga.mk има избор за секого.
Ако нешто ги поврзува онлајн светот и книгите, тоа е имагинацијата. Брзо како кога свртувате нова страница, книгите ќе се најдат пред вашата врата, испорачани со многу љубов.