„Сега живеам целосно друг живот, но, кога ќе се осврнам на минатото, гледам дека Русија ми даде алатка која ја немаат сите – волјата секогаш да се оди понатаму, да се успее“, вели за себе супермоделката Наталија Водјанова. Еве дел од нејзината приказна.
Иако нејзината ќерка заработува милиони долари секоја година, шетајќи по модните писти и рекламирајќи ги најпознатите брендови, Лариса, мајката на супермоделот Наталија и понатаму си живее од продажбата на колачи на улица во рускиот град Нижни Новгород.
И самата Наталија (34), пред да ја откријат модните скаути, кога имала 17 години работела на пазарот продавајќи овошје. Но, потоа среќата и се насмевнала и во текот на кариерата имаше можност да соработува со најпознатите модни куќи како Келвин Клајн, Луј Витон и Стела Меккартни.
Меѓутоа, и покрај светскиот успех на својата ќерка, Лариса (54) остана скромна, не сакајќи да биде издржувана од ќерка и, па затоа и понатаму сама си заработува за живот.
“Мојата ќерка (сестрата на Наталија) и јас сакаме да им покажеме на другите дека можеме да постигнеме нешто сами, без ничија помош. Пред 17 години, Наталија продаваше банани за да состави крај со крај и тоа не е ништо од што некој би требало да се срами”, вели Лариса.
Лариса, која има уште една ќерка болна од церебрална парализа, вели дека Наталија му пружа огромна поддршка на семејството, но, и дека разбира зошто мајка и живее и понатаму со истиот начин на живот.
“Mојата мајка ми е огромна инспирација, го живееше животот следејќи го своето срце, наместо да го прави она што и било кажувано дека треба да го прави”, изјавува Наталија, која поради својот неверојатен животен пат “преку трње до ѕвездите” ја нарекуваат “руска Пепелашка”.
Благодарение на воспитувањето од мајка и, таа од мали нозе има длабоко всадена работна етика. Бидејќи семејството одвај преживувало, оваа манекенка морала да го напушти училиштето за да заработува за живот и да им помага на најблиските. Меѓутоа, освен на работен, Наталија имаше успех и на приватен план, оти во 2001 година се омажи за англискиот виконт (благородничка титула) Џастин Портман, со кого има три деца. Но, по 10 години брак, парот реши да се разведе.
После него, Водјанова почна да се забавува со Антоан Арно, претседател на компанијата која произведува луксузна машка облека Berluti, со кого сега има уште две деца, значи вкупно пет деца.
Иако Наталија сега живее убав живот, вели дека никогаш не ги заборавила своите корени.
“Се сеќавам дека еднаш на улица пронајдов рубља. Во тоа време просечната плата во Русија беше околу 25 рубљи. Ја зграпчив воодушевено, истрчав кај мајка ми која ми дозволи да купам храна. Прекрасно се чувствував што можев тоа да го направам за семејството. Од најрана возраст имам силно чувство за одговорност”, изјавува Наталија и додава дека верува оти животот во сиромаштија и помогнал на патот до успехот.
“Сега живеам целосно нов живот, со неверојатни повластици, но, кога ќе се свртам наназад, гледам дека Русија ми даде алатка која ја немаат сите – волјата секогаш да се оди подалеку, да се оствари саканото, да се успее. Тоа сега го користам јас за да им помогнам на другите луѓе”, открива Водјанова, која во 2004 година основа хуманитарната организација за помош на сиромашните деца во Русијa.
Извор: http://stil.kurir.rs/