Човекот кој е миленик на публиката откако се појави на филмското платно, актерска игра на која никој не може да остане рамнодушен, делумно заради хуморот кој секогаш го внесува во улогите, а делумно заради харизмата која оддалеку зрачи од него. Најдобриот Чарли Чаплин на сите времиња, Роберт Дауни Јуниор.
Тој е роден на 4 април 1965 година. Актер кој не може да се пофали со кариера само во нагорна линија. Причината за то е употребата на дрога и алкохол во минатото, периодот за одвикнување на кој се посвети целосно, а му направи штета на кариерата.
Филмското деби го имаше на возраст од пет години, глумејќи покрај неговиот татко, Роберт Даун Сениор, во филмот “Pound” од 1975 година. Следеше научно фантастичната комедија во 1985 година, “Weird Science” и драмата “Less than zero” од 1987 година. Следеа и други филмски проекти низ годините, се додека маестрално не го одглуми ликот на Чарли Чаплин во 1992 година, улога за која доби и номинација за Оскар.
Следеше период на одвикнување од зависностите кои го завладеаја неговиот живот, па откако во 2000 година излезе од „California Substance Abuse Treatment Facility and State Prison“ му беше понудена улога во тв серијата “Ally McBeal” каде партнерка му беше Калиста Флокхарт, улога за која доби награда Златен Глобус. Иако се уште имаше проблеми со зависностите, тој успеа да ги направи следниве филмови на кои сите се сеќаваме:”The Singing Detective” (2003), “Gothika” (2003), “Kiss Kiss Bang Bang” (2005), “A Scanner Darkly” (2006), “Zodiac” (2007), “Tropic Thunder” (2008), каде беше номиниран за Оскар за најдобра машка споредна улога.
Од 2008 година наваму, тој стана најдобриот Тони Старк, ликот кој се крие зад стриповскиот јунак на Марвел, Ironman. Исто така својата актерска способност ја покажа и во филмот за Шерлок Холмс на Гај Ричи во 2009 и во продолжението во 2011 година.
Следеа филмовите “The Avengers”, “Avengers: Age of Ultron” и “Iron Man 3″, кои му донесоа заработка од 1 милјарда долари.
Магазинот „Forbes” во 2014 го прогласи за најдобро платен актер на годината.
На приватен план, на почетокот на кариерата беше во врска со Сара Џесика Паркер со која се раздели заради зависноста од која патеше во тој период. Во 1992 година се ожени со Дебора Фалконер, актерка и пејачка со која го доби синот Индио во 1993-тата. Парот официјално се раздели во 2004 година.
Една година претходно за време на снимањето на филмот “Gothika”, ја запозна неговата сегашна сопруга, Сузан Левин, а ја официјaлизираа врската во 2005 година. Во 2012 го добија првото, а во 2014 второто дете. За својот живот вели дека го обожава и дека е среќен со позицијата во која е во моментов.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.