За многумина Ава Гарднер, жена со хипнотизирачки заводливи зелени очи, е една од најубавите и најеротичните жени актерки на сите времиња.
Оваа црнка го живееше својот живот во склад со нејзиниот карактер-страствено, непредвидливо, со многу љубов но и многу фатални грешки.
Оваа зеленоока убавица е родена на 24 декември 1922 година, а почина на 25 јануари 1990 година. Со својата харизма и одлични улоги успеа да стекне светска слава која ни денес не бледее, што и ја носи титулата бесмртна.
Родена е во Брогден во Северна Каролина како најмлада од 7 деца. Уште од своето најрано детство ја чувствувала тежината на сиромаштијата бидејќи нејзиниот татко, одгледувач на тутун и памук, го изгубил својот посед, па морал да работи како наемен работник, а нејзината мајка работела како готвачка во школо.
Одела во средното училиште во Рок Риџ каде матурирала во 1939 година, а поминала уште една година потоа школувајќи се за секретарка. Нејзината кариера почнала кога нејзината сестра која живеела во Њујорк, се омажила за фотограф и успеаала да ја натера нивната мајка да ја пушти Ава да се пресели кај нив. Мажот на нејзината сестра снимил неколку фотографии од младата Ава кои потоа ги пратил во филмската компанија МГМ. Агентот Бернард Духан, штом ги видел нејзините фотографии веднаш му ги покажал на еден од сопствениците на продукцијата и преку ноќ, новата ѕвезда била родена.
Не знаела добро да глуми, нити знаела убаво да говори, но изгледала прекрасно и тоа било доволно за нејзината кариера да започне.
Нејзините филмски почетоци не биле најсјајни, но нејзината филозофија да се држи до инструкциите и бескрајно да му верува на режисерот, и донела номинација за Оскар за филмот Могамбо, како и номинација за Бафта и Златен Глобус, што воопшто не е лошо за некој кој бил сметан за секс симбол.
На снимањето на филмот Fancy Answers младата звезда го запознала актерот Мики Руни, со кого после неколку месеци познанство се венчала на 10 јануари 1942 година. Но многу брзо после тоа, сфатиле дека сепак не се еден за друг, па во 1943 година следел развод.
Во меѓувреме таа го запознава ексцетричниот милионер и заљубеник во авиони, со кого на почетокот тврдат дека се само пријатели. Нивната врска со многу прекини потрајала извесно време. Но официјалната верзија била дека се само пријатели, а во прилог на тоа тврдење оди и фактот дека Ава во 1945 година се венчала по втор пат со Арти Шо. Меѓутоа ни тој брак не траел долго. По разводот, продолжило да се шушка за нејзиниот не така другарски однос со Хјуз.
Но и на тоа му дошло крај.
Сепак ова не ја поколебало Ава во нејзината потрага по љубов, па така во 1951 година стапува во брак со познатиот пеач Френк Синатра, за кого изјавила дека е љубовта на нејзиниот живот. Нивната врска била бурна и полна со страст, но како поминувало време и на нивната врска и се надзирал крајот.
Па така во 1957 година следел развод. Познатиот пејач никогаш не успеал да ја преболи Гарднер. Тонел во алкохол, и во депресија а познатата пеачка се преселила во Шпанија, каде започнала нов живот. Со новиот живот стигнала и уште една нова љубовна авантура, со шпанскиот матадор со аристократско потекло, Луис Мигел Доминго, кој бил маѓепсан од убавата Ава и сакал веднаш да се ожени со неа.
Но како што е веќе стандардно, ниту оваа врска не потрајала. Убавата Американка останала иста, не се променила. Продолжила да кокетира и флертува со разни мажи, а во 1968 година се преселила во Лондон.
После неколку мозочни удари, починала на 68 годишна возраст од воспаление на белите дробови. Последните зборови кои ги изговорила биле-“многу сум уморна“.
Пред да умре, Синатра редовно и се јавувал и плаќал болнички третман за неа, а кога му било кажано дека умрела не можел да изговори ни збор.
Во нејзина чест ја испеал и песната “I’m a fool to want you“.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.