Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Рене Зелвегер им одговори на медумите – „Промената на мојот изглед не се должи на пластични операции“

39
Прегледи
Сподели на фејсбук

По Џенифер Анистон и Рене Зелвегер реши јавно да проговори за двојните стандарди и нападите со кои секојдневно се соочува од страна на таблоидите.
Во отворено писмо до “Хафингтон пост”, со наслов “Mожеме да бидеме и подобри“ го кажа своето мислење…

Актерката не изгледа како пред 15 години кога за прв пат се појави во филмот
„Дневникот на Бриџит Џонс“. Токму заради тоа стана главна вест во британските и американски таблоиди.

Актерката и продуцент реши да проговори по многуте критики и невистини кои ги преплавија медиумите ширум светот.

„ Имам среќа, одбрав креативен живот и имам прилика да се занимавам со работа која ме исполнува и која ми дава смисла за живот и тоа е голем благослов за кој вреди да се плати цената на секојдневните предизвици во јавниот живот. Понекогаш тоа значи дека треба да се помирам со понижувањето, а понекогаш треба да сфатам дека со молчењето само го продлабочувам проблемот“- вели таа за Хафингтон пост.

Таа и понатаму се сеќава на приказната кога во 2014-та година кога сите таблоиди објавија дека била на пластична хирургија. По веста, со месеци се појавуваа фотографии како изгледала пред 10 години и денес. Како да е невозможно човек да остари за 10 години или пак да се промени.

134941_profimedia0090545750_ffРене вели дека не сакала да коментира, но денес е свесна дека молчењето во 21 век може да се сфати како потврда.

„ Во нашата сегашна култура, неверојатна транспарентност, валкани алишта на телевизија и луѓе кои се подготвени да ги споделат дури и своите најинтимни детали од животот за малку внимание и слава.Се чини дека изборот да ја цениме нашата приватност е нешто сомнително“- изјавува актерката.

Рене додава дека во вакви ситуации не само што е мета на исмејување, туку се доведува себеси во ситуација кога целиот нејзин живот е „натрупан“ со измислени скандали од страна на таблоидите, затоа решила конечно да се изрази.

„Јас го пишувам денес ова писмо, бидејќи морам да ги кажам вистините за својот живот и бидејќи длабоко ме загрижува однесувањето и шпекулации од страна на таблоидите. Приказната за операцијата на моите очи не беше важна, но поради таа приказна јас се вклучив во новинарските приказни за прифаќање и жените кои подлегнаа на притисок да изгледаат и да се чувствуваат онака како што од нив се очекува. Не дека тоа се однесува на некој, но јас не донесов одлука за пластична хирургија на моето лице или за операција на очите. ” – вели таа во писмото за „Хафингтон Пост“ откако таблоидите ја нападнаа.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Tags: акетеркарене зелвегертаблоидифилмфилмска индустријахоливудхоливудски актеркишпекулации
Претходен пост

Човекот зад пеколната кујна – Гордон Ремзи

Следен пост

9 топ модели за кои не се осудуваме да кажеме дека се пензионерки

Следен пост

9 топ модели за кои не се осудуваме да кажеме дека се пензионерки

Discussion about this post

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.