Многу од нас мислат дека староста е вид на казна или неверојатна болест. Но, погодете што- не е така!
Денешниот наш избор на жени е вистински доказ дека може да стареете и на модерен начин.
Тие имаат повеќе од 70 години и се познати топ модели. Покрај тоа, како многу холивудски актерки и тие не ги кријат годините.
Ги игнорираат стеротипните размислувања и го живеат животот со полни гради.
Најдовме 9 совршени примери и причина повеќе да го заборавите „срамот“ за староста и да ги следите примерот на овие дами.
Lauren Hutton, 72
За време на нејзината кариера постигна рекорден број на модни едиторијали за Вог (26). Во 2013-та таа позираше за насловните страници на 3 списанија: Muse, The Edit и Harper’s Bazaar. Да не ја споменуваме нејзината фотосесија- гола на 61 година.
Jacqueline Murdock, 86
Како млада дама таа работела танчерка. На возраст од 82 години модна блогерка ја забележа во градскиот парк, а потоа модната куќа Lanvin ја ангажираше за модна кампања.
Daphne Selfe, 86
Таа ја започнала својата кариера на 20 години, но тоа што станала мајка на многу деца било причина да се откаже од улогата на модел. Кога нјзините деца пораснале Daphne влегла во модна агенција и побарала работа. Сега таа е познат модел и се уште работи за модни кампањи.
Baddie Winkle, 86
Таа и на 86 години е заштитно лице на компанијата DimePiece од Лос Анџелес и тоа за костими за капење! Додека луѓео на нејзини години играат Бинго таа позира покрај базените со модерни костими за капање. На нејзниот инстаграм профил гордо пишува: ’Stealing your man since 1928.’
China Machado, 86
Во интервјуто за New York Magzine 86 годишната China вели дека омилен пијалок и е вотка и дека никогаш не држи диети. Единствена козметика што секогаш ја користи е сапун за нега на кожата од билки и дневна и ноќна крема.
Valerie Pan, 75
Таа е модел до 60-тите, но повторно се врати на сцената на 65 годишна возраст. Работи со водечка модна агенција од Лондон и постојано е активна во голем дел од случувањата на модната сцена.
Carmen Dell’Orefice, 85
Елегантната дама е запишана во книгата „Guinness World Records“ како модел со најдолга кариера на модната писта. Интересно е тоа што по нејзиното прво фотографирање на 15 години и било кажано дека воопшто не е фотогенична и дека е подобро да ја смени насоката и желбата за модел.
Gitte Lee, 81
Таа е познат модел од 70-тите, но тогаш се омажила. По 50 години се враќа повторно на модата писта и заблескува. На 77 години таа станува ѕвезда на Celine и на Tim Walker за италијанското издание на Вог. Во 2014- та станува заштитно лице на каталогот на H&M.
Joyce Carpati, 82
Оваа дама е поранешна пејачка на опера и уметнички директор на American Cosmopolitan. Таа се уште позира за познати списанија, а вели дека нејзината тајна за добар стил е елеганцијата.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.