Во сабота на ден 14.12.2024 година, двете општествено одговорни компании ЕКО ФЛУИД ДОО Скопје и ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА организираат едукативна промоција за подигнување на јавната свест за рециклирање на отпадните моторни масла како одговорност и обврска кон заедницата во која што живееме.
За сите детални информации на 14.12.2024 година посетете ги следниве бензински станици на ЛУКОИЛ Македонија и освен информации добијте и подарок од ЕКО ФЛУИД.
Локација: Бензинска станица „Македонски Фолклор”, Автокоманда на излез од Скопје во периодот од 10:00ч до 12:00ч
Локација: Бензинска станица „Скупи” , во Карпош во периодот од 12:30ч до 14:30ч
Локација: Бензинска станица „Првомајска”, во нас. Кисела Вода, бул. Борис Трајковски во периодот од 15:00ч до 17:00ч
Ве очекуваме во сабота на поинакво дружење!