Во саботата на 14.12.2024 година, од страна на двете општествено одговорни компании ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА и ЕКО ФЛУИД ДОО Скопје се организираа едукативни промоции за подигнување на јавната свест за потребите од рециклирање на отпадните моторни масла како одговорност и обврска кон заедницата во која што живееме. Едукативните промоции се одржаа на бензинските станици во Скопје и тоа „Македонски Фолклор”, Автокоманда, бензинска станица „Скупи”, во Карпош и бензинска станица „Првомајска”, во Кисела Вода.
На овие три локации потрошувачите на ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА имаа можност да добијат повеќе информации за потребите и бенефитот од рециклирање на отпадните моторни масла. На секој потрошувач му беше даден симболичен подарок кој беше обезбеден од стана на ЕКО ФЛУИД ДОО Скопје, а воедно и да ги потсетува за обврската која што сите како граѓани ја имаме кон општеството.
Следете ги социјалните мрежи на двете компании, ЛУКОИЛ МАКЕДОНИЈА и ЕКО ФЛУИД ДОО Скопје и наскоро очекувајте нови едукативни промоции на бензинските станици.
Да рециклираме денеска за подобро утре!