Ралф Лифшитц е роден во Њујорк во 1939 година. Денес е познат по основната дејност, моден дизајнер и мултимилионската компанија Ralph Lauren Corporation, но и по филантропските активности кои се неизоставен дел од неговиот живот.
Како тинејџер, тој го сменил презимето во Лорен, она по кое е препознатливо. Откако се откажал од колеџот после две години, тој се пријавил во војска и служел од 1962 до 1964 година. По отслужувањето воен рок, работел како продавач во компанијата за вратоврски, Брукс Брадерс пред да стане нејзин менаџер.
На возраст од 26 години, тој почнал да дизајнира и продава шалови и вратоврски со негов потпис. Ralph Lauren Corporation ја започнал во 1967 година.
На почетокот имал потешкотии да ја развие дејноста, бидејќи продажбата одела тешко. Големиот пробив го има кога еден од клиентите купил 100 вратоврски. Потоа, стоковната куќа Блумингдејл побарала да го откупи брендот од него и да ги продава под своја етикета. Понудата ја одбил и продожил да ги изработува. Шест месеци подоцна, од Блумингдејл дошле кај него со голема нарачка на вратоврските, која секако ја примил и ги изработил.
Како човек кој го интересирал спорот, тој почнал да дизајнира спортска облека која во 1968 година си го нашата своето место на модниот пазар под името “Polo”. Oваа спортска линија за мажи се чини дека го вивнала во облаците на модниот свет и претставува негов голем пробив.
Првиот мирис за мажи и жени со негов потпис е направен во март 1978 година, под името Polo. Тоа е и првпат во историјата еден дизајнер да направи истовремено мирис за двата пола. Бизнис чекор кој му го отворил патот до Европа.
Што се однесува до неговиот приватен живот, тој во 1964 година се оженил со Рики Ен Лоу Бир во Њујорк. Заедно имаат три деца.
Дизајнерот е познат и по својата љубов кој автомобилите, бројката која ја поседува изнесува над 70, а дел од нив се многу ретки како на пример Ferrari 250 GTO од 1962 година, Mercedes-Benz SSK од 1930 и многу други ретки модели.
Денес, неговата компанија која е има широка палета на модни линии е проценета на вредност од 6,5 милијарди долари. Ралф Лорен се смета за дизајнерот кој внесе промена во светот на модата и одбележа цела една ера.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот