Hybrid
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD
No Result
View All Result
Hybrid
No Result
View All Result

Рајан Гослинг, актерот кој ги краде женските срца

50
Прегледи
Сподели на фејсбук

Уште откако ни ги украде срцата со улогата на столарот кој ги пишуваше најубавите љубовни писма во филмот „The Notebook“, секој ден сè повеќе се заљубуваме во Рајан Гослинг. Во прилог му оди фактот што ѝ спасил живот на една жена, што има едно од најинтересните лица за селебрити гифови, што не се срами од видеото кога на 12 години пее песна од Ем Си Хамер… Во прилог му оди и фактот што е женет со актерката Ева Мендес со која има две деца, ќерките Есмералда и Аманда Ли.

Рајан е роден на 12 ноември 1980 година. Родителите му биле Мормони и тој растел во многу религиозна средина. Иако неговата мајка денес е сменета, самата таа признава дека во тоа време ја вклучувала религијата во сè што правела, без оглед дали станува збор за храна, излегување, образование.

Гослинг, кој меѓу пријателите е познат и како Гос, имал уште еден прекар кога бил мал – „бељаџија“!

„Постојано започнував тепачки бидејќи мислев дека тоа им се допаѓа на девојчињата. Подоцна сфатив дека оваа тактика не ми успева.“

Ова го потврдува и Џастин Тимберлејк, кој со Гослинг членувал заедно во популарниот Mickey Mouse Club. Тој во шоуто на Елен Деџенерис призна дека кога биле мали самите барале причина за караница или тепачка со некого, каде и да оделе.

Кога ја добил улогата на Ноа Калахан во филмот The Notebook, тоа не било заради неговата убавина. Напротив, режисерот Ник Касаветис му рекол дека го ангажира затоа што не е како другите млади актери во Холивуд.

„Не си кул, не си убав, ти си само обично момче кое делува по малку налудничаво.“

Рајан не може да им одолее на своите филмски партнерки. Откако беше во врска со Рејчел Мек Адамс и со Сандра Булок, која е десетина години постара од него, по тајна врска се ожени со Ева Мендес. И Ева е постара од него, што го потврдува фактот дека го привлекуваат повозрасни жени.

article-2552252-1b3765e700000578-599_634x1060

Канадскиот актер е познат како некој што оди многу подалеку од своите колеги за да се подготви за улога. За Crazy Stupid Love учел да прави коктели, за The Notebook поминал одредено време работејќи во столарска работилница, за Drive самиот помогнал да се изгради автомобилот што потоа го вози во филмот.

Самиот се обидел да се истетовира. И не го добил тоа што го сакал – рака на чудовиште што испушта крваво срце. Наместо тоа, неговата тетоважа наликува на кактус.

Иако не зборува многу за својот приватен живот, ги изненади сите со својот емотивен говор во кој ѝ се заблагодари на својата силна сопруга која се справувала со семејството додека тој го доживувал едно од најубавите актерски искуства снимајќи го La La Land.

Ако Златните глобуси се најава за Оскарите, многумина му предвидуваат уште една златна статуетка, иако мјузиклите и немаат многу висок рејтинг на ова доделување награди. Но, никогаш не се знае, нели?

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Претходен пост

„Нема подобри пари за трошење од сопствените.“ -За За Габор

Следен пост

Експанзија на моќната хрватска компанија – Истокот е освоен, почнува освојувањето на западниот дел на ЕУ: „Сега сме најсилни во Европа, би сакал да сме најсилни во светот“

Следен пост

Експанзија на моќната хрватска компанија – Истокот е освоен, почнува освојувањето на западниот дел на ЕУ: „Сега сме најсилни во Европа, би сакал да сме најсилни во светот“

HYBRID

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.

Навигација:

  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • НОВОСТИ
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • УБАВИНА
  • КАРИЕРА
  • ЗДРАВЈЕ
    • БЛОГ
  • ИНТЕРВЈУ
  • HYBRID WORLD

© 2019 HYBRID - Сите права се задражани hybrid.mk.