Кога ќе се спомне поп-арт уметноста, првата асоцијација, секако, е Енди Ворхол. Како една од најистакнатите личности во модерната уметност, неговото име можете да го најдете во многу книги, филмови, изложби, а неговата уметност се изучува и на факултетите.
За него се знае многу. Сепак, постојат неколку факти за животот на контроверзниот уметник што не ѝ се толку многу познати на јавноста.
Илустрирал книга за готвење
На почетокот на кариерата, кога работел како илустратор на реклами, тој соработувал со Сузи Франкфурт, дизајнерка на ентериери и заедно го илустрирале готвачот „Дими капини“.
Сакал да отвори ресторан
Инспириран од автоматите во 1950те години, тој посакал да отвори ресторан во истиот стил, со идеја да го нареше Енди-мат.
Продуцирал три телевизиски шоуа
Имајќи предвид колку познати личности му биле лични пријатели, не е чудо што бил вклучен во телевизискиот свет. Помеѓу 1979 и 1987 година тој бил извршен продуцент на Мода, ТВ на Енди Ворхол и Петнаесетте минути на Енди Ворхол.
Постојано волонтирал
Растел во религиозно семејство и останал вистински католик до крајот на животот. Често волонтирал во засолништа за бездомници.
Обожaвал кучиња
Можеби се сеќавате на неговиот црно-бел портрет со неговото куче Арчи. Ама, многумина не знаат дека тој навистина обожавал кучиња, па често пати одел во парковите на Њујорк за да ги слика луѓето кои ги шетаат своите миленици, без да знаат за тоа. Во неговиот стан е пронајдена архива со илјадници спонати фотографии на луѓе со кучиња.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.
Discussion about this post