Во светот одекна како експлозија информацијата дека по многу, многу, многу неуспешни врски, принцот Хари можеби конечно ја најде жената од соништата. А таа е, ни помалку ни повеќе, туку Рејчел Зејн од мега популарната серија „Suits“.
Меган Маркл е новата девојка на принцот Хари и во своето прво интервју откако светот дозна за нивната врска, се нарече себеси „најсреќната девојка на светот“. Принцот Хари за сега молчи, бидејќи кралските протоколи не дозволуваат членовите на кралското семејство да даваат интервјуа и да раскажуваат приказни за својот личен живот.
Меган има 35 години и таа е три години постара од помалиот брат на принцот Вилијам. Тие двајцата се познаваат повеќе од една година, ама врската станала посериозна пред неколку месеци. Очигледно раздалеченоста и обврските се причина што ни папараците не успеале да откријат и фотографираат нешто порано. А Меган е во моментов нивната најголема „мета“.
Сепак, не е сè толку розово поврзано со неа. Веднаш по информацијата за врската на Хари и Меган, во јавноста излезе нејзината полусестра и ја нарече „пресметлива кучка желна за внимание која го напуштила семејството кога татко ѝ банкротирал“. Според неа, Меган ќе ги искористи своите 5 минути слава за да заработи уште повеќе, да ја промовира својата модна колекција и да го зацврсти својот статус во Холивуд.
Дали е вистина сето ова или не, ќе покаже времето. За да се случи свадба, принцот Хари мора да добие благослов од својата Баба, Кралицата Елизабета, а таа е вистинска челична дама. Плус, Меган веќе била мажена, а тоа дефинитивно не ѝ оди во прилог. Ќе треба да го искористи сиот свој шарм за да ја придобие за себе најмоќната жена во Британија… и малку пошироко.
При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.
Discussion about this post