Задача на секоја мајка е да ги подготви децата за самостоен живот, да расте и созрева со нив, а нејзината улога е посебно важна во животот на својата ќерка.
Тоа што мајката го кажува, останува долго врежано во мислите на нејзините деца.
Она што секоја мајка треба секојдневно да го кажува на својата ќерка е:
- Те сакам
Вашите ќерки ја чувствуваат силината на љубовта која ја имате кон нив, но не заборавајте да ги потсетувате на тоа. Тоа е навистина потребно. Тоа ги гради, им дава сигурност и самодоверба. Им става на знаење дека се сакани и дека заслужуваат да бидат сакани и од светот. Поврзаноста меѓу мајката и ќерката е најважна алка при изградувањето на сопственото ЈАС.
2. Верувај во себе
Една од најважните лекции за секое девојче е онаа за самопочит. Најважната улога на мајката е да ја научи својата ќерка да верува во своите способности и дека може да ги оствари сите свои соништа. Тоа е база за животот кој ја чека, да знае да се бори, да биде трпелива, да не се откажува, да биде цврста и да верува во себе. На жалост, денешно време многу родители немаат многу време за своите деца, па затоа тие често запаѓаат во неволји, обидувајќи се да најдат одговори на проблемите со кои се соочуваат.
3. Горда сум на тебе
На вашата ќерка особено и е важно да ја направи својата мајка горда. Пофалбата и дава потврда дека е на добар пат и дека мајката се гордее со она што станало од нејзиното чедо. Вака, ќе ја поттикне да биде повеќе успешна, повеќе среќна и ќе го зацврсти вашиот однос.
Извор: Wall.hr
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.