На ден 06.03.2022 (недела) во 12:00 часот во Даутпашин амам ќе се одржи промоција на книгата „Не ме викај аутист – моето име е Адам” на авторката Аниса Ејуп Беќировиќ.
Промоцијата ќе започне со поздравен говор на директорката на Национална галерија на Република Северна Македонија, д-р Дита Старова – Ќерими.
Модератор: м-р Маја Димитрова, едукатор при Национална галерија
Промотори на книгата:
проф. д-р Владимир Мартиновски
дефектолог Татјана Багеска
лектор м-р Лорета Трајкоска
д-р спец. Мервиса Драголовчанин
Лектор Фатима Шкријељ.
Настанот ќе биде збогатен со музичка изведба на класична гитара на Бора Акташ.
На настанот ќе бидат присутни и
1)Министерката за труд и социјална политика, м-р Јованка Тренчевска и
2)Гордана Велковска како претставник од Министерството за култура
3)Арбана Пашоли, пратеничка и претседателка на Комитетот за односи на заедници
4)Зеќир Рамчиловиќ, пратеник
5)Џељо Хоџиќ, заменик директор на Агенција за остварување права на заедниците.
Книгата „Не ме викај аутист – моето име е Адам” е автентичен приказ на секојдневието на семејство кое има член со нискофункционален аутизам. Ликовите и настаните се пресликани од реалниот живот кој ова необично семејство со силен оптимизам го живее. Книгата изобилува со пораки чија цел е будење на свеста и отворање на портите на оваа енигма за сите останати, за нас типичните. По читањето на оваа книга составена од 21 кус расказ, Ве уверуваме дека аутизмот, како и сите останати посебни потреби ќе добијат нова димензија – благородно хумана.
Kнигата е издадена на македонски и босански јазик.