Колку и да звучи правилно и модерно, мултитаскингот стана начин на живеење кој некако сите без резерва го прифаќаме. Иако, луѓето реално не се создадени за него.
Кога нашиот фокус е насочен на повеќе страни, стануваме помалку продутивни, расте стресот и добиваме лоши резултати. Ова е најточно кога се зема во предвид работата, но и личниот живот и проблемите.
Кога сме под притисок да решиме повеќе работи одеднаш, многу веројатно е дека нема да решиме ниедна.
Како да ги решиме проблемите?
Реши еден и продолжи
Почни едно по едно. На почеток размисли и одлучи што е она кое има најмногу тежина и е потребно да биде завршено најбрзо. Колку и да е чудно, и проблемите имаат приоритети.
Фокусирај се она што сакаш да го постигнеш не дозволувај ниедна новонастаната пречка да го одвлече твоето внимание.
Заборави на “overthinking”
Често, чекаме да се чувствуваме подготвени пред да преземеме било каква акција. Правиме многу планови, размислуваме постојано за нив и начиот на кој треба да ги реализираме. Она што всушност правиме е тоа дека го оптеретуваме нашиот мозок со дополнителни проблеми и дозволуваме да го изгубиме фокусот.
Почни со акција, ВЕДНАШ
Не го чекај вистинскиот момент. Доколку нешто треба да биде завршено, почни да делуваш веднаш. Многу е едноставно кога веќе ќе започне процесот. Може и да се изненадите колку малку време е потребно за да се реши нешто.
Малите чекори водат до големи резултати
Еден телефонски повик, еден меил може да ја поедностават целата ситуација. Сподели го својот проблем со некого, можеби тој од кој што најмалку очекуваш ќе може да ти помогне.
Запомни дека се ова ќе помине
Колку е да е тешко во моментот, најважно е да се запомни дека ништо не е вечно и дека секој проблем може да се реши!