Сите веќе знаеме дека Меган и Хари се повлекуваат од кралските должности заради желбата за независност и работа надвор од дворецот. Но, интересен е фактот што официјалното соопштение минатата недела не стигна од британските медиуми туку преку објава на Инстаграм. Тие им се обратија на нивните 10,7 милиони следбенци, а медиумите, посебно таблодите веднаш ја пренесоа веста до светот, пишува Wired.
Сега, прашањето е што ќе работат, кој ќе биде следниот потег, дали ќе ги следат трендовите во светот и ќе станат инфлуенсери. Нивната вредност во моментов е проценета на 30 милиони долари.
Доколку решат да бидат инфлуенсери, што и на некој начин се, дали сега е време да почнат да живеат од тоа. Без дилема, ќе имаат уште повеќе следбенци кои им веруваат и ќе стојат зад нив и нивната социјална презентација.
Инфлуенсерите во светот претставуваат дел од мултимилионската машина за рекламирање на Интернет. Тие заработуваат многу пари од платени објави, партнерства со брендови и платен пласман на производи.
Само за пример, една објава на профил со 1 милион следбеници е во просек 10 00 долари. Спонзорираните се уште поскапи, а пак објава на видео достигнува до 40 000 долари.
Останува да видиме како ќе се движат работите за Меган и Хари.
Во меѓувреме, Војводата и Војвoтката од Кембриџ вчера конечно се вратија на кралските работни обврски. Нивните активности беа стoпирани, односно ставени вo мирување по објавата на Хари и Меган за повлeкувањето од кралските задолженија.
Принцот заедно со сопругата, ја започна неделата со средбата закажана за таа намена на која беа присутни Кралицата Елизабета Втора, Принцот Чарлс заедно со Хари и Меган на која се одлучи како понатаму ќе функционираат кралските наследници по нивната одука.
Вилијам и Кејт беа дочекани со овации на плоштадот во Бредфорд.
Во меѓувреме, Војводата и Војвотката од Сасекс продолжија со нивните закажани обврски, но во Канада, каде што и планираат да живеат дел од времето во иднина.
При објавување на материјали од порталот www.hybrid.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.