Иако често знае да се смета за застрашувачки факт тоа што со возраста нашиот биолошки часовник отчукува побрзо или тоа што бременоста на возраст над 35 години доаѓа со дополнителни ризици, сепак ние сметаме дека постојат огромен број придобивки од мајчинството во позрели години.
Постои врска помеѓу породувањето во подоцнежна возраст и моќта на мозокот
Истражувањата откриваат дека добивањето деца во повозрасните години во животот може да ја направи мајката ментално посилна. Жените кои го родиле своето дете по 35-годишна возраст, забележано е дека имаат поостри познавања и вербална меморија. Жените кои го родиле своето прво дете по 24-годишна возраст, решаваат проблеми многу подобро од нивните врсници кои родиле деца пред 24-годишна возраст.
Намален ризик од повреда
Се разбира, секоја мајка ќе го заштити своето дете најдобро што може. Но, неколку студии откриваат дека ризикот на детето од ненамерни повреди кои бараат медицинска помош се намалува со зголемувањето на возраста на мајката.
Вие сте емотивно подготвени
Истражувањата откриваат дека зрелоста игра голема улога во подобро родителство. Анализирајќи го психосоцијалниот развој, повозрасните мајки поретко ги караат и физички ги дисциплинираат своите деца. Нивните деца се однесувале подобро, биле добро социјализирани и биле емотивно здрави во своите тинејџерски години.
Децата веројатно ќе бидат подобро образовани
Колку подолго чекате да станете мајка, толку е поголема веројатноста вашето дете да биде пообразовано и подобро да разбере понапредни нивоа на технологија.
Поголема финансиска стабилност
Повозрасните мајки имаат време да ја развиваат својата професионална кариера, што е основа за поголема плата. Истражувањата откриваат дека нивните деца остануваат подолго време во образовниот систем.
Извор: cafe.hr