При крајот на животот, велат, ќе сфатиме што сме пропуштиле, кои нешта сме можеле да ги направиме подобри, што би промениле ако се вратиме назад. Но, за што размислувале неколку познати личности на смртната постела? Кои се нивните последни зборови?
Џорџ Харисон
„Сакајте се!“
Џорџ Харисон беше британски рок-музичар, пејач-текстописец и гитарист на Битлси. Тој често бил нарекуван „тивкиот Битлс”. Во доцните 1990-ти Харисон добил рак на грлото. Починал на 29 ноември, 2001 година. Неговите последни зборови биле снимени од страна на неговата жена.
Ернесто Че Гевара
„Знам дека си дошол да ме убиеш. Пукај, кукавицо, ќе убиеш само човек!“
Ова се зборовите коишто Гевара му ги кажал на боливискиот војник Марио Теран, кратко пред да биде убиен на 39-годишна возраст.
Хемфри Богарт
„Никогаш не требаше да преминам од скоч на мартини.“
Сфаќајќи дека е на само миг до смртта, оваа холивудска легенда ги повикал жената и децата крај смртната постела за да се збогуваат. Штом го сториле тоа, тој го искажал своето алкохоличарско жалење и умрел.
Оскар Вајлд
„Мојата позадина и јас се бориме до смрт. Едниот или другиот мора да си оди.“
Тој ја стекнаал славата кон крајот на 19-от век, но доживеал драматичен пад откако бил осуден за хомосексуалност и затворен две години. Умрел од церебрален менингитис на 30 ноември, 1900 година на 46-годишна возраст.
Боб Марли
„Парите не можат да го купат животот.”
Во јули 1977 година, додека бил на третман поради повреда нанесена за време на пријателски фудбалски натпревар, му била откриена форма на малиген меланом на палецот на ногата. Одбил ампутација, а меланомот се проширил на неговите бели дробови и мозок. Тој починал во болница во Мајами на 11 мај 1981 година.
При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.