Мерилин Монро е една од најпознатите американски актерки на сите времиња. Во своите 36 години живот, таа стана најпознатиот секс симбол од 50-тите и 60-тите години.
Норма Џин имала тешко детство, живеејќи со психички болна мајка, не знаејќи кој е нејзиниот татко. Најголем дел од младите години ги поминала како сираче или во дом за згрижување. Пред да ја препознаат, таа работела во фабрика, а потоа како модел.
Нејзината кариера оди по нагорна линија и таа до ден денес се смета за една од најуспешните жени во светот.
ОДБРАВМЕ НЕКОЛКУ ОД НЕЈЗИНИТЕ НАЈИНСПИРАТИВНИ МИСЛИ И ЦИТАТИ ЗА ЖИВОТОТ, ЉУБОВТА, КАРИЕРАТА
“Сонот да се биде актерка е повозбудлив отколку да се биде“.
“Подобро е да те мразат заради тоа што си, отколку да те сакаат заради тоа што не си“.
“Мажите кои мислат дека минатите љубовни врски на жената ја намалуваат нивната љубов кон нив се најчесто глупави“.
“Секогаш, секогаш, секогаш верувај во себе. Бидејќи ако ти не веруваш, кој ќе верува душо“?
“Продожи да се смееш бидејќи животот е убав и има толку многу работи кои може да те насмеат“.
“Сите сме ние ѕвезди, но мора да научиме да блескаме“.
“Верувам дека се се случува со причина. Луѓето се менуваат, затоа мора да научиме да ги пуштиме, работите може да станат полоши затоа мора да ги цениме додека се во ред, веруваме во лаги, затоа учиме дека мора да веруваме само во себе“.
“Мислам дека љубовта и работата се единствените нешта што вистина ни се случуваат“.
“Успехот прави луѓето да почнат да те мразат. Посакувам да не беше така. Ќе беше прекрасно да можеш да уживаш во успехот без да гледаш омраза во туѓите очи“.
“Вистинскиот љубовник е маж кој ќе биде пресреќен да те бакне во чело, да се насмее гледајќи те во очи или едноставно да гледа заедно со тебе во вселената“:
“Поминав најголем дел од својот живот бегајќи од самата себе“.
“Им простувам на луѓето не затоа што сум слаба, туку затоа што сум силна доволно за да знам дека секој може да погреши“.